Маченик, животот воопшто не го галеше – популарната фолкерка за својот колега што го изгуби синот
Тажна вест што го потресе регионот
Веста за синот на познатиот хармоникаш Мирко Кодиќ кој почина ненадејно во триесеттата година од животот го потресе целиот Балкан.
Младиот Александар почина во неговиот стан, додека спиел, а по обдукцијата ќе се востанови и причината за смртта.
Како што пренесуваат медиумите од регионот, Александар со денови се жалел дека не се чувствува добро.
Фото: Фејсбук
Неговиот татко е скршен од болка, а како што пренесуваат медиумите, речиси и да не може да зборува.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Познатиот хармоникаш Мирко Кодиќ синот Александар го доби од својот прв брак. Тој беше вработен како келнер во еден познат ресторан во Белград, кој се наоѓа во близина на храмот Свети Сава.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Како што пренесува српскиот Курир, ресторанот е во сопственост на славниот српски кошаркар Дејан Бодирога.
Инаку, хармоникашот Мирко покрај Александар од претходните бракови го има и синот Владимир, а со последната сопруга ќерката Ребека. Таа го наследила талентот од својот татко и се занимава со пеење, а Мирко во една пригода за починатиот син Александар изјави дека се гордее со него и со тоа што пораснал во добро и вредно момче.
Фото: Фејсбук
По веста за смртта на младото момче се огласи и пејачката Нада Топчагиќ која е пријателка и колешка со Мирко Кодиќ.
Фото: Инстаграм/ Нада Топчагиќ
„Во шок сум, многу е млад. Пред неколку дена Мирко ни се јави да му бидеме гости на славата. Да не даде Господ на никој да му се случи ова, не знам дали некогаш ќе се оправи. Маченик, животот воопшто не го галеше, а сега и ова“, истакна пејачката за српскиот „Телеграф“.