Реклама
Наши ѕвезди

Марјана Станојковска се прошета во шешир кој е хит ова лето, а сличен модел можете да најдете и на тезгите во Шутка и Бит Пазар

Реклама

Ваквите шешири се хит ова лето

Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

Сламените шешири се враќаат во мода секоја летна сезона, а тоа можеме да го видиме и од бројните познати дами што обожаваат да ги носат во овој период од годината. На модната сцена се појавија токму благодарение на познатите манекенки, а деновиве овој тренд го потврди и Марјана Станојковска која се прошета во интересен модел.

Познатата водителка на Инстаграм објави фотографии на кои позира во преубав шарен комбинезон во „бохи“ стил и сандали на (сламена) платформа, а не можевме да не го забележиме и шеширот кој и стои одлично.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

Ваквите шешири ги носат и познатите дами како сестрите Џиџи и Бела Хадид, Кендал Џенер, Каја Гербер и бројни други, но мора да признаеме дека и на русокосата Марјана одлично и стои во ова шик летно издание.

Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

Еве неколку слични модели …

Маркетинг

Bershka

Zara

 

Zara

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button