Реклама
Наши ѕвезди

Марјана во летно фустанче со кое ги остави сите без здив

Реклама

Малиот фустан во пурпурна нијанса што го носи Марјана е вистинска инспирација за топлите летни денови

Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

Кога Марјана ќе позира во некое интересно модно издание, целиот интернет се вжештува, а така беше и овој пат кога водителката ги воодушеви своите обожаватели на социјалните мрежи со ова шик летно издание.

Водителката сака да експериментира со модата, така што речиси нема стил што досега не го пробала. На нејзиниот Инстаграм можеме да видиме разни комбинации кои на многу дами им служат за инспирација.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

Од оние класичните, женствени комбинации до посмелите, тренди изданија кои никого не оставаат рамнодушен.

Но овој пат Марјана се прошета во летно издание со кое посебно ги воодушеви жените меѓу своите обожаватели.

Маркетинг

Имено, таа позираше во мал, пурпурен фустан со асиметричен крој (моделот е со едно откриено раме што е во тренд оваа сезона), а целото издание го заокружи со шик сандали во металик златна нијанса.

Па, дали ви се допаѓа Марјана во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button