Мартин од „Некс тајм“ клекна на колена и го извади златниот прстен – погледнете каква убавица е неговата идна невеста (фото)
Познатиот музичар ја запроси својата девојка…
Мартин Филиповски, гитаристот и придружнито вокал на „Некс тајм“ ја запроси својата девојка Андреа Белеска (28) и тоа токму на денот на неговиот роденден
Имено, Мартин заедно со својот брат близнак Стефан вчера го прославија 36-от роденден, па веста дека токму на овој ден решил да ја запроси саканата ги изненади сите.
Тој и осум години помладата Андреа се во врска подолго време и важат за еден од најскладните парови меѓу познатите.
Андреа е ракометарка и игра за македонската репрезентација, а по потекло е од Кичево.
Веста дека ја запросил Мартин сам ја сподели nа социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со прстенот на нејзините раце.
Тој објави фотографија на која се гледа како ја држи саканата за нејзината рака со златниот прстен во преден план.
Веднаш почнаа да му пристигнуваат честитки, а меѓу првите му честитаа колегите Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски и Антонија Гиговска.
Мартин објави и голем број роденденски честитки што ги доби, а од братот доби посебно изненадување.
Имено, тој ја сподели фотографијата на која се гледаат рацете на Мартин и неговата идна невеста со прстенот, а на неа напиша:
„Фала Богу, ти текна. Здрави живи…“ напиша Стефан и ги означи Андреа и неговиот брат близнак.
Повеќе фотографии од Мартин и Андреа погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски