Реклама
Наши ѕвезди

Мартин Вучиќ со емотивна порака за својот татко – За некој беше музичариште, но за мене секогаш татко над татковците (фото)

Реклама

Мартин Вучиќ поминува низ тежок период откако неговиот татко го изгуби животот од коронавирусот.

Мартин пред само неколку недели го изгуби својот татко, познатиот водител, пејач и композитор Драган Вучиќ.

Маркетинг

Тој денес на социјалните мрежи објави емотивна порака со која се потсети на него, но и со која опиша како се чувствува.

„За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш ТАТКО над татковците!“ напиша Мартин. Тој, откако неговиот татко го изгуби животот, неколку пати преку социјалните мрежи објави пораки посветени на неговиот татко.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Мартин Вучиќ

Тој неодамна го сподели и интервјуто на неговата мајка, која цели 40 години беше заедно со татко му.

„Мојата Мајка лавица, за мојот идол, поддршка и патоказ низ животните предизвици! Ве сакам најмногу“, и порача тој на својата мајка преку Фејсбук.

Поминав цели 40 години со човекот кој најмногу го сакав. Цели 40 години и тој мене најмногу ме сакаше. Што друго да кажам, освен дека тоа е најголемиот благослов кој некој може да го има во животот – со овие зборови за „Фокус” ја започна својата приказна Весна Вучиќ, сопруга на легендарниот музичар, композитор и ТВ водител Драган Вучиќ.

Таа во интервјуто за Фокус објасни и како се одвиваше битката со тешката болест која и го одзеде саканиот кој само момент претходно беше полн со животен елан и енергија. Како што вели таа, Драган имал неколку дена покачена температура. Решиле да се тестира, а по добиените позитивни резултати, и температура која надминува над 38.5 степени, пејачот беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Потоа се тестирала и Весна, и била позитивна, и покрај тоа што немала симптоми, за разлика од нејзиниот сопруг.

Приватна архива

Таа им се заблагодари на докторите кои лавовски „буквално гинea за пациентите“, како што вели таа не заборавајќи да каже дека за неа тие се херои на денешницата, а потоа интервјуто го заврши со зборовите:

Играше со отворени карти целиот живот, не беше злопамтило кога некој ќе го критикуваше во јавност, јасно му беше што е шоу бизнис, а што вистински живот. Верувам дека ќе биде запаметен по добро, оти тој целиот живот си го распосла по нашата сцена и остави дел од себе во секој свој проект, изјави во своето интервју за „Фокус“ Весна Вучиќ.

Инаку, Драган една недела пред да го изгуби животот беше хоспитализиран во одделението за интензивна нега во Скопје. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, познатиот пејач и шоумен со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.

Фото: Фејсбук/ Мартин Вучиќ

Неговиот син, Мартин, во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button