Мартин Вучиќ: Мојата Мајка лавица, за мојот идол, поддршка низ животните предизвици!
Откако излезе интервјуто на социјалните мрежи истото го сподели нивниот син, инаку исто така наш познат музичар Мартин Вучиќ кој упати емотивна порака:
„Мојата Мајка лавица, за мојот идол, поддршка и патоказ низ животните предизвици! Ве сакам најмногу“, напиша Мартин откако неговата мајка Весна даде интервју за порталот Фокус.
Пропишана ми беше 14 – дневна изолација, и сум во добра здравствена состојба. Физички добро, но емотивно скршено – раскажува Весна за Фокус.
-Не е важно кој е популарен или анонимен, секој човечки живот исто вреди, мора да се покаже заедништво во ова зло кое се надвисна над човештвото. Таа солидарност, таа ситуација кога сме исти во болката, најдобро се гледаше на Инфективната клиника каде што престојував.
Во исто време, таму беше сместена млада жена од Липково, Аида, која беше позитивна на вирусот, а го очекуваше раѓањето на своето бебе. Исто така и Елена, и таа позитивна, со штотуку родено бебе, кое за среќа беше негативно, ијзави Весна Вучиќ за Фокус.
Познатиот шоумен, композитор, текстописец не напушти од овој свет по компликациите предизвикани од коронавирусот.
Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.