Реклама
Вирално

Марко со семејството замина во Ирска за подобар живот: Децата не ги пушта во градинка бидејќи е прескапо, а кирија плаќа 900 евра

Реклама

Сè поголем број Хрвати (впрочем како и Македонците) ја напуштаат земјата во потрага по подобар живот, а едно семејство открило колку се нивните месечни трошоци откако се преселиле во Ирска. Тие живеат во Корку, на југ.

„Платата се добива неделно, а и поголемиот дел од трошоците се плаќаат неделно“ – објаснува Марко, кој пред пет години го напушти Загреб со својата сопруга и две деца.

Маркетинг

Тој вели дека тие имаат 2 автомобили. „Цената на електричната енергија варира во зависност од сезоната. Значи, во зима, сметките ни се околу 146 евра месечно, а лето 60 евра. Водата не се плаќа“, додаде тој.

Сметката на мобилниот телефон чини околу 40 евра, собирањето на сметот изнесува 25 евра месечно. Градинките се премногу скапи, па затоа мајките обично остануваат со своите деца дома. „Месечно, градинката чини колку киријата. Во нашиот случај, 800 евра по дете е неприфатливо затоа, сопругата со нив седи дома“ – објаснува Марко.

Маркетинг

Во слободното време тие понекогаш одат во кино, но секогаш земаат семејни билети кои се движат од 60 до 120 евра.

Марко вели дека работи за просечна ирска плата.

– Просечната плата е 13 евра на час, а бројот на часови во недела изнесува 39 часа, па тоа е околу 507 евра неделно . Месечно, во Ирска просечната плата е 2028 евра. Не можете да заработите помалку од 1528,8 евра, бидејќи минимумот е 9,8 евра на час – објаснува Марко, а пишува 24sata.hr.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button