Реклама
Наши ѕвезди

Марко и Луна се бакнаа пред сите – еве што се случувало кога камерите не ги снимале

Реклама

Победничката од шоуто Задруга 2, Луна Џогани, и Марко Миљковиќ зборуваа отворено пред камерите за нивната врска и нивниот прв бакнеж.

Тие на 14 јануари се бакнаа, и тоа на поприлично невообичаен начин, а сега пред камерите се сетија на тој момент

Маркетинг

„Цела вечер игравме и во тој момент се сетив да земам ќебап и тоа се случи. Ми беше срам бидејќи тоа беше нашиот прв контакт во таква смисла. Тоа беше нашиот најубав бакнеж, тоа што се криевме со лопата беше симпатично. Ја би се откажала ако не се случеше таа вечер“, изјави Луна, а потоа продолжи, од своја гледна точка, да зборува Марко.

Маркетинг

„Ме смота на брзина, но јас постојано и давав повратна информација. Таа пресуди дека така мора да се случи. Плавушите не се мој тип на девојки, не ми се допаѓаше во првата сезона, дали затоа што беше зафатена, веројатно заради тоа, не сакав да се мешам. Кога излезе од ‘Задруга’, излеговме во Белград и тука ме заинтересира. Видов некоја нежност и топлина која навистина ми се допадна. Кога влегов во ‘Задруга’, ми се допаѓаше. И ете, тука сме кај што сме“ вели Марко за неговата нова љубов во животот.

Потоа во емисијата се јави една госпоѓа, на која очигледно Марко не и се допаѓа, но затоа ја сака Луна.

„Дојдовме во центарот на вниманието, па секако дека постојат луѓе што подржуваат или не нé подржуваат мене или Луна. Во што помал број, би било идеално, но не е проблем, ќе се соочиме“, изјави Миљковиќ.

„Како не видовте во моите очи дека сум среќна. Марко ми испрати порака, ме изнервира тоа што ми кажуваше дека ќе се видиме. Веднаш следуваа негативни коментари за мене, можеме да се видиме а никој да не знае, но мораше да каже бидејќи гледачите прашуваа. Тој ден во ријалитито кажавме дека ќе го поминеме заедно. Рече дека има потреба да се види со мене. Тој дојде по мене, бев во мојот стан, дојде точно на време по мене, имав трема, како да е прв пат. Она што најмногу ме изненади е тоа што ми купи цвеќе и тоа го ставил на задното седиште и додека возеше цвеќето падна така што потоа морав да го соберам. Тоа ме потсети на Луна и Марко од Задруга, и беше навистина романтичен. Тој бакнеж како да беше прв“, додаде отворено Луна Џогани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button