Реклама
Новости

Марија Шерифовиќ сподели што прави МАЛИОТ МАРИО – пејачката се топи додека го гледа ова

Пејачката сподели емотивна сцена од нејзиниот дом

Реклама

Еве како малиот Марио и го разубавува денот на пејачката

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ при крај на минатата година го доби синот Марио со помош на сурогат мајка.

Нејзиниот наследни деновиве прослави шест месеци, а Марија сега објави уште неколку фотки со кои ги воодушеви своите фанови.

Маркетинг

Имено пејачката откако се оствари во улога на мајка речиси секојдневно објавува по некоја случка со нејзиниот наследник, но овој пат покажа и како тој си игра со нејзиниот миленик, кучето Хак!

Маркетинг
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Пејачката своите две омилени суштества ги врами со рамка во облик на срце, а во описот додаде „Моите“.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инаку, пејачката и пред само неколку дена ги изненади сите кога објави снимка на која се гледа како танцува со бебето.

Шерифовиќ се снимаше со насмевка на лицето, истакнувајќи дека со својот син би сакала вака засекогаш да танцува.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Само вака да танцуваме додека сум жива и куќата да ни пее, ништо повеќе не ни треба“, напиша Марија во описот на снимката.

Како изгледаше и овој момент, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Пејачката неодамна зборуваше и за тоа колку и се променил животот откако го добила синот, истакнувајќи дека постојат убави и малку „понапорнички“ моменти, но и дека животот технички не и се променил воопшто, туку емотивно и дека најмногу и помага Верица.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button