Пејачката Марија Шерифовиќ е позната по својот лежарен стил на облекување.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Многу ретко можеме да ја видиме во елегантно издание, а и кога има таква прилика таа одбира нешто во нејзин стил.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Освен што е препознатлива по нејзиниот стил на пеење, посебна ја прави токму и стилот на облекување.
До сега сме немале можност да ја видиме во тесни хеланки а сега конечно се случи и тоа.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Марија ги запали социјалните мрежи кога реши да се стегне во тесни црни хеланки и да позира во лифт, додека носеше црна маица, а сите забележаа дека пејачката драстично ослабнала па следеа низа коментари.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
„Ова можеш да го правиш почесто, одлично ти стои“, „Леле, навистина си се стегнала“, „Најудобни се хеланките, а на Марија и стојат одлично“, „Браво Марија, убаво изгледаш во хеланки“ – ова беа само дел од многуте коментари за необичниот стајлинг на пејачката.
Можеме да забележиме дека во последно време Марија Шерифовиќ се повеќе време посветува на својот изглед.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
Откако ослабна таа реши и на социјалните мрежи да сподели неколку фотографии на кои гордо позира па така беше и неодамна кога имавме можност да ја видиме во костим за капење.
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
На споменатата фотографија Марија позираше во базен а фотографијата предизвика големо внимание.