Новости

Марија Шерифовиќ прв пат отворено за таткото на нејзиното дете – овие детали никој не ги знаеше

Таткото на Марио е фраериште?!

Advertisement

Марија Шерифовиќ беше гостинка во „Амиџи шоу“ кај водителот Огњен Амиџиќ каде отворено зборуваше за својот син.

Во емисијата водителот ја праша за таткото на детето, а Марија прв пат зборуваше на оваа тема и ги изненади сите.

Advertisement

Но како што вели таа, идентитетот на овој човек нема никогаш да го открие бидејќи во тој случај би требало да плати голема казна.

Принтскрин/ Пинк

„Тоа се работи за кои не можам и не смеам да зборува, заради сите потпишани договори, бидејќи никој не знае дали некој некогаш ќе го преведе ова, а потоа да ме тужат за десет милиони долари, а можеби и повеќе. Инаку, страшен фраер е, Европеец“, истакна Марија, а потоа додаде и дека на Марио едното око му е сино, а другото – зелено, откривајќи дека и нејзината баба имала такви очи, па можеби наследил некои гени од неа.

Advertisement

Принтскрин/ Пинк

Потсетуваме, Марија при крајот на минатата година се оствари во улога на мајка, а синот го доби со помош на сурогат мајка од Америка.

Како што самата вели, сурогат мајчинството во Америка е вообичаена работа, а нејзиниот процес го следеле најдобрите доктори во САД.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„По некои неуспешни обиди, единствено решение беше тоа“, вели Марија во емисијата кај популарниот водител.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инаку, малиот Марио пред две недели наполни шест месеци, а пораката што тогаш му ја напиша Марија ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Плескавичке моја, џимиринче, око мое едно сино, едно зелено. И Хулк и Супермен мој, ти сакаме сите и обожаваме, и сé на светот. И ќе полудам од овие чорапи што постојано висат“, му порача Марија на својот син кога преку пораката откри дека наполнил шест месеци.

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button