Во 2007 година, Марија Шерифовиќ застана на сцената на Евровизискиот натпревар во Хелсинки и со својот глас ги „разнесе“ другите натпреварувачки песни.
фото принтскрин/Јутјуб
Таа тогаш на Евровизија настапи со својата волшебна „Молитва“, а пред натпреварот му се помоли на Бога.
фото принтскрин/Јутјуб
Пред неколку години таа во една изјава истакна дека не е навикната на пораз и дека во финалето до некаде била сигурна дека ќе ја однесе победата.
фото Инстаграм/Марија Шерифовиќ
– Тешко е да се сетам како се чувствував тогаш, беше одамна. Имав само 22 години. Човек не може да биде свесен за сè во тој момент. Знам само дека имаше невидена толпа и дека околу 30 луѓе легнаа на мене, ме прегрнуваа и паѓаа во несвест. Најважно од сето ова е дека моите луѓе се чувствуваат горди – рече Марија.
фото Инстаграм/Марија Шерифовиќ
– Не бев рамнодушна во полуфиналето. Мислев дека ќе поч/инам таму на оние скали, од трема, страв и очекување. Мојот карактер е таков што не можам да изгубам. Така навикнав или така ме воспитаа. Тоа беше многу тешко за мене. Во моментот кога ќе останам сама на тие скали, ќе се сетам на целиот мој живот. Од друга страна, во финалето, навистина не ми беше грижа, бидејќи сè беше веќе во Божји раце тогаш. Бев свесна дека нема да отпеам полошо отколку во полуфиналето, па затоа бевме опуштени – истакна Марија пред неколку години.
фото Инстаграм/Марија Шерифовиќ
Неодамна Марија Шерифовиќ по долги години молчење, откри што и дал тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ по победата на Евровизија.
фото Инстаграм/Марија Шерифовиќ
– Низ историјата можевме да видиме дека, без разлика дали се работи за музика, уметност, која било од оние сфери кои заслужуваат каква било почест, дека тоа речиси никогаш не се случило. Значи, не ми пречи. Ја добив мојата најголема благодарност – аплауз, од луѓе кои се тука 20 години, кои стареат заедно со мене. Што се однесува до државата, тоа не ме интересира премногу, си обезбедив и направив се за себе. Се сеќавам што рече тогаш господинот Тијаниќ (предложи Марија да добие 80.000 евра како спортистите на Олимпијада), тоа не се случи, отидов на дочекот или како и да се вика, кај тогашниот претседател Борис Тадиќ. Тој праша: „Што можам да направам за тебе?“. Што да му кажам?! Не треба ништо да правиш, мислам што ќе правиш, јас направив повеќе за тебе, не треба ништо да правиш за мене. Добив вратоврска и кутија бонбони, тоа е тоа, тоа е единствената вистина.
фото Инстаграм/Марија Шерифовиќ
– Не носам вратоврска! Тоа беше за менаџментот. Само бонбони за мене. Не е важно. Па, кому му е гајле, еј, не ми треба никој да каже „благодарам“! Го направив тоа за нашиот народ, за да бидеме, барем еден ден во годината, горди, горди, Срби, Балканци, што и да е, истакна Марија, пренесува српски Курир.