Марија Шерифовиќ објави нова фотографија од синот, пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Голема прослава во домот на пејачката
Пејачката ужива во мајчинството
Пејачката Марија Шерифовиќ точно пред половна година се оствари во најважната улога во животот.
Имено, таа пред точно шест месеци со помош на сурогат мајка го доби синот Марио кој сега е центарот на нејзиниот свет.
Марија сега на овој ден сподели фотографија од својот наследник со емотивна порака со која што ги разнежни своите фанови.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Плескавичке моја, џимиринче, око мое едно сино, едно зелено. И Хулк и Супермен мој, ти сакаме сите и обожаваме, и сé на светот. И ќе полудам од овие чорапи што постојано висат, му порача Шерифовиќ на својот син која преку пораката откри дека наполнил шест месеци.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Потсетуваме, Марија својот син го доби со помош на сурогат мајка, а целиот просец се случи во САД.
Таа неодамна, на денот на Свети Василиј Острошки, му направи и крштевка на Марио, кога исто така ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Пејачката тога објави фотографија на која се гледа како кумот го држи нејзиниот наследник додека свештеникот го обавува свечениот чин.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
„Вчера го славевме Василиј Острошки, потоа мојот прв Американски Ден на мајките, но и крштевката на којот мал синоок мек, памучен принц. Стана Божјо дете и Бог и Свети Василиј нека те чуваат од секое зло, а јас ќе те чувам од тага и луѓето“, напиша тогаш Шерифовиќ во коментарот на фотографијата.