Марија Шерифовиќ објави нова песна за малиот Марио – емотивните зборови никого не оставија рамнодушен
„Сине мој, ова е првиот мој подарок за тебе“
Нова песна посветена на нејзиниот син
Не помина ни недела дена откако објави дека доби син, Марија Шерифовиќ повторно ги израдува своите фанови.
Имено, познатата пејачка сега ја претстави својата нова песна што му ја посвети на Марио, а веста ја сподели со емотивна порака.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
„Мојот спокој доби лице, а моето срце сега има пристаниште. Музиката отсекогаш била мојот единствен начин да се објаснам себеси, да споделам парче од мојата душа. Песната ‘Долази љубов’ ја напишав за него, додека го чекав и сонував, Затоа денес ја споделувам со вас сите, со неа да ги сонувате сите оние што ви носат љубов и спокој. Мојата љубов дојде – нејзиното име е Марио“.
Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
„Сине мој, ова е првиот подарок за тебе“, напиша Марија на својот Инстаграм профил.
Инаку, песната „Долази љубав“ воедно е и последната песна од истоимениот албум што излезе пред два месеци кој е хит на социјалните мрежи.