Марија Шерифовиќ објави едно мајчинско видео – ќе се изненадите од овој детаљ, ова е преслатко!
„Оваа мама мора итно да оди во кревет“
Изморена, не спиела со месеци…
По неколку месеци пауза, Марија Шерифовиќ се врати на Јутјуб со ново видео и ги воодушеви своите обожаватели.
Таа во својот последен влог откри како изгледал нејзиниот пат во Германија каде имаше настап, но и како се снаоѓа во новата улога.
Имено, како што самата пејачка вели во своето видео откако се родил нејзиниот син Марио таа воопшто нема време за спиење, па затоа и малку задоцнила за ова патување, затоа што била изморен и се успала.
Принтскрин/ Јутјуб
„Толку ми се спие, што не можам тоа со зборови да ви го опишам. Оваа мама оди итно во кревет и ќе се видиме кога ќе се разбудам“, изјави таа.
Пејачката кога се врати во Белград ја дочека нејзината маја Верица која го чуваше малиот Марио. Таа потоа објави и едно стори на кое се гледаат кондурчиња што ги има добиено за својот син, а некои од нив беа украсени со ликот на Супер Марио, омилениот јунак на Марија од цртаните филмови кој го има истото име како и нејзиниот наследник што го доби од сурогат мајка.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…