Реклама
Наши ѕвезди

Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ ја растурија калимерата?

Реклама

Се шушкаше дека не се во добри односи

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Многумина беа изненадени кога Марија Шерифовиќ престана да ја следи победничката Џејла Рамовиќ на социјалните мрежи.

Таа подоцна објасни дека е време за нови миленици, па со тоа го оправда својот чекор со кои ги изненади сите.

Маркетинг

За разлика од неа, Џејла се уште ја следи Марија. Таа објави и бумеранг со поранешната менторка, со што дополнително ги збунија фановите. Таа очигледно со тоа сакаше само да покаже дека се уште се пријателки и дека ништо не е променето, но фановите се загрижени.

Маркетинг

Целата ситуација дополнително ја искомплицира и самиот коментар на Марија на социјалните мрежи.

„Сезоната е завршена, на сите свои кандидати, а посебно на финалистите им посакувам среќа во кариерата и животот… Време е за некои нови миленици“, напиша Марија на својот профил на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Да се потсетиме, 17-годишната девојка од Горажде убедливо победи на овогодинешните „Ѕвездите на Гранд“ и ја освои публиката, а потоа имаше бројни настапи со својата менторка Марија Шерифовиќ низ целиот регион.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Покрај својот неверојатен глас, Џејла ги освои сите и со своето воспитување и примереност кога се во прашање модните комбинации што ги носеше на сцената.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Некои од нив погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Поврзано

Back to top button