Реклама
Наши ѕвезди

Марија Шерифовиќ за помош на ова болно девојче го организираше ХУМАНИТАРНИОТ концерт, а сега уживаат заедно

Реклама

Пејачката ги воодушеви сите со своите фотки

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Марија Шерифовиќ во моментов престојува во Америка каде малата Миња Матиќ се лекува благодарение на хуманитарниот концерт што пејачката го организираше, а сега познатата пејачка на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија на која тие двете уживаат на плажа.

Шерифовиќ веќе некое време престојува во Америка каде беше да ја пости малата Миња, а овој пат имаше време и заедно да уживаат на сонцето, на плажа, пејачката со кафе, а девојчето со супа со кнедли.

Маркетинг

„Нема смисла само да се сончам и бањам. Јас кафенце, Миња супа со кнедли и Бог да не види“, напиша Марија во описот на фотографијата со која ги воодушеви своите фанови.

Шерифовиќ пред неколку дена прв пат ја посети Миња во Америка, кога на девојчето и се обрати со силни зборови.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Љубовта раѓа херои! Каков змеј е ова мало. Не можете тоа ни да го замислите. Обожава играчки, но Нутела уште повее. И кога сето ова ќе биде минато – Мина еве јас јавно ти ветувам дека ти ќе бидеш првото лице со кое јас ќе истрчам цел круг со тебе“, напиша Марија тогаш.

Маркетинг

Да потсетиме, Марија организираше хуманитарен концерт со кој се собраа пари неопходни за лекување на Миња.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Девојчето пред неколку дена ја прими скапата терапија што и беше неопходна, а почна и со физикални терапии и вежби.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Миња е мило и нежно девојче. Таа е родена на 6 октомври 2019 година. Во првите три месеци напредуваше. Никој ни не можеше да претпостави дека нешто ќе тргне на лошо. Но родителите во еден момент забележале дека детето престанало да ги движи рацете и нозете, отежнато да дише, послабо да јаде. Тие веднаш побарале помош, а докторите откриле дека станува збор за ретка и мошне тешка неуромускулна болест – Спинална атрофија на мускулите, тип 1.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Марија за нејзината врска со Џејла?

Инаку, во последните неколку дена во медиумите се појавија гласини дека Марија Шерифовиќ е во емотивна врска со својата помлада колешка и пријателка Џејла Рамовиќ, на која и беше ментор во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. И по бројните изјави на поединци кои наводно ја потврдија љубовната врска на Марија и Џејла, конечно се огласи и Шерифовиќ. Еве што изјави таа вчера:

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Не планирав да ги коментирам сите вести што во последните пет, шест дена ги преплавија медиумите. Но бидејќи гледам дека почнале да вклучуваат и измислени изјави на нашите семејства, морав да реагирам“, започна Марија и продолжи со следниов коментар:

„Никогаш не била тајна дека по натпреварот измеѓу нашите семејства се разви големо пријателство, кое нема да заврши заради било чии лоши или злонамерни идеи и изјави. Така што се што читавте и што ќе читате е една голема лага. Постои нешто што многу ме изнервира, не е фер на мојот татко да му се ставаат зборови во уста, човек кој во моментов се наоѓа во болница и чека операција. Така што треба да се засрамите заради тоа, поздрав на сите“ порача Марија.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button