Познатата пејачка Марија Шерифовиќ отворено зборуваше за мајчинството, па откри дека озбилно ќе се позанимава со чување на своето дете, што би значело и заминување од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, за нејзиното заминување од жирито на оваа музика шоу програма се шушка постојано, но овој пат таа и самата ги подгреа гласините бидејќи во неколку интервјуа истакна дека сериозно размислува за можноста повеќе да не биде дел од жирито бидејќи и е „преку глава“.
„Кога ќе ги напуштам „Ѕвездите на Гранд“ тогаш ќе бидам мајка. Сакам сериозно да се посветам на тоа, а не детето да ми го чуваат баби и дедовци“, изјави Шерифовиќ и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Но на тоа Поповиќ и одговори дека ќе мора да почека уште некоја година бидејќи нема да и дозволи да си замине.
Инаку Шерифовиќ деновиве се најде во центарот на вниманието и поради нејзината остра критика на настапот на поп-кралицата Мадона во Евровизија. Имено, српската победничка на Евровизија од 2007 година беше згрозена од тоа како Мадона пееше во ревијалниот дел од финалната вечер на европскиот музички фестивал па и порача.
„Мадоно, сестро, оди во три *** мајчини со своето пеење во живо. Да ја слушнам оваа снимка, а да сум Мадона ќе пеам само во кенеф“, напиша Марија на својот профил на Твитер и предизвика бура од реакции.