Реклама
Вирално

Марија од Гевгелија ќе продава крофни за Луна – тие не се познаваат, но ќе собира пари за нејзоно лекување

Девојче од Гевгелија ќе собира пари за својата сограѓанка

Реклама

По малата Нина од Нови Сад, која собираше пари за лекување на својот болен татко, сега уште едно девојче, но овој пат од Македонија, ќе продава крофни за да собере пари за лекување на своја сограѓанка.

Како што пишува во објавата на Фејсбук страницата на „Гевгелија.нет“, Марија Митрова (11) ќе меси и продава крофни и лимонада за да собере шари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија.

Марија и Луна се сограѓани и не се познаваат. Но кога ова 11-годишно девојче дознало за маката на 14 годишната Луна, решила да помогне.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Таа ќе ги продава своите крофнички полни со љубов на градскиот плоштад Фонтана на својот прекрасен штанд.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Сите собрани пари ќе бидат донирани за лекувањето на Луна која треба да замина на скапа операција во Турција.

За лекувањето на малата Луна потребни се 65.000 евра, па Марија реши колку може да им помогне.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Марија овој викенд ќе ги продава своите крофнички и лимонада, а сите оние што не се во можност да купат од неа, а би сакала да ја покажат својата хуманост и да и помогнат на малата Луна, тоа можат да го направат со донација преку мобилните оператори на следниве броеви:

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Милена Антовска-Станковска

Оваа фотографија се споделува и на социјалните мрежи, а ја споделуваат и многу наши познати ѕвезди.

– 143 103 на Телеком и 143 478 на А1 се броевите за донација за малата Луна.

На фотографијата се гледа и девојчето што ќе ги продава своите крофнички за да и помогне на својата сограѓанка.

Инаку, малата Луна Поп Костова (14) од Гевгелија поради асфикција на мозокот при раѓање се здоби со дијагноза „Спастична церебрална парализа-квадриплегија Г-80.9“.

14-годишната Луна веќе година и пол се бори храбро со сколиоза која е во последен стадиум и бара итна операција во Турција.

Па, да ги отвориме нашите срца, бидејќи нашето малку за некого значи живот. Да помогнеме и ние на малата Луна како што тоа несебично го прави и нејзината сограѓанка Марија.

За сите оние што не се во можност да помогнат од било кои причини, ги замолуваме барем да го споделат овој апел како истиот би стигнал до што поголем број на хумани луѓе…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button