Интервју со Марија Митреска …
Овој викенд на 5-ти и 6-ти Април во Скопје ќе се одржи второто издание на Gentlemen’s Expo. За тоа што ќе понуди новото издание и кои се новитете оваа година разговараме со Марија Зекмановска Митреска, основач на „Боттега Евенти“.
Како настана „Боттега Евенти“?
Боттега Евенти ја започна својата приказна во 2012 година. Компанијата на почетокот беше поставена како event rental компанија која полека со текот на годините и зголемувањето на обемот на работа прерасна во event management компанија. Сега нудиме целосен концепт за организација на настати- опремување на простор, Modernist Catering- поинаков концептуален кетеринг и SuperLab иновативен, интерактивен молекуларен перформанс.
Се подготвува второто издание на Gentlemen’s Expo ’19 што ќе понуди програмата?
Оваа година посетителите кои ќе го дојдат на настанот ќе може да видат изложувачи кои ќе бидат групирани по зони на интерес односно ќе имаме Fashion& Accessories зона каде ќе можат да откријат кои се новитетит во машкиот стајлинг, Comfort зона каде ќе можат да видат посебно дизајнирани парчиња мебел, Open Barber Shop, Men’s Health Corner каде ќе можат да имаат еден на еден консултации за машко здравје, Whiskey зона каде ќе можат да дегустираат преку 20 видови на различни виски пијалоци, презентација на хибридни возила, презентација на моторцикли, 3 Master Classes во посебна сала од кои 2 се поврзани со Whiskey а третиот е посветен на Молекуларната Гастрономија, Gentlemen’s Square- собир на џентлмени кој ќе се случува на 06.04 во Сабота од 18.00-20.00 на кој собир ќе има организирана фотосесија за интеракцијата помеѓу џентлементите и брендовите и многу други активности.
Особено ни е драго што оваа година настанот покрај интерактивниот и едукативен карактер ќе има и хуманитарен каратер.
Имено, во сабота на 06.04 со почеток од 20.30 ќе организираме Хуманитарна Аукција -Џентлмените враќаат назад- на која аукција 10 наши познати џентлементи ќе донираат свои лични предмети, од нивно емотивно значење, што ќе бидат ставени на аукција за собрање средства за СОС Детско Село.
Кој е новитетот на новото издание?
Новитет на новото издание е што за првпат кај нас ќе имаме организирано дегустација на преку 20 видови на виски пијалоци и токму затоа и ова издание на the Gentlemen’s Expo ’19 е Whiskey Edition. Љубителите на виски ќе можат да уживаат во различната селекција понудена од нашите изложувачи а воедно и да присуствуаат на Master Class за виски кои ќе се оддржат во Петок на 05.04 со почеток од 17.15 часот и 19.00. Картите за дегустација на виски и за Master Class се пуштени во продажба на www.gentlemensexpo.mk.
Колку сте задоволни од тоа како помина настанот лани, со оглед на тоа што се одржа за прв пат?
Минатогодишното издание помина одлично што секако ни беше поттик и да организираме второ издание. Лани но и оваа година им гарантираме на посетителите многу нови искуства, многу забава и многу едукација поврзана со бредовите кои ќе бидат присутни на саемот. Мораме да напомене дека женските посетители лани беа во завиден број така што и годинава очекува исто толку голема посетенот и од нивна страна.
За каков тип на мажи е наменет настанот?
Настанот е наменет за секој оној кој Одбира Квалитетно Секојдневие.