Маријан Стојаноски повеќе не изгледа вака, направи драматична трансформација на имиџот, нема да го препознаете!
Македонскиот пејач направи драстична промена на изгледот, нема да го препознаете.
Маријан Стојаноски е долги години дел од македонската музичка сцена.
Кон крајот на 90-те години од минатиот век Маријан уживаше огромна популарност, а неговите песни останаа хитови кои до ден денес се паметат.
Иако понекогаш беше мета на критики и потсмев, сепак тој никогаш не се откажа од неговата најголема љубов – музиката.
Тој на македонската музичка сцена се појави во исто време со најдобриот македонски пејач Тоше Проески и не само што му беше сограѓанин и школски другар, туку многумина експерти во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера.
Во моментот кога беше во екот на популарноста, тој се повлече од сцената и престсна да дава интервјуа за медиумите.
Денес тој работи во Македонската опера и балет и приватно е исполнет.
Неговото срце го освои Наташа Каранџулоска од Охрид со која веќе година ипол е во брак.
Плод на нивната љубов е нивната ќерка Вероника.
Поради пандемијата парот се одлучи да склучи само граѓански брак, а летово откако мерките за заштита од вирусот Ковид 19 олабавија, Маријан и Наташа направија и голема свадбена веселба на која беа поканети сите нивни блиски пријатели и роднини.
За оваа прилика Наташа избра нежна венчаница во бела боја, која одлично ја истакна нејзината фигура, но и нејзиното трудничко стомаче.
После објавените свадбени фотографии на публиката ѝ стана јасно дека парот го очекува и своето второ дете.
Младоженецот пак, се одлучи за темно сино одело.
Последните убави сончеви денови од ова лето семејството Стојаноски одлучи да ги помине на прошетка во природа, па ја избраа Матка.
Наташа на својот Фејсбук профил објави фотографии од прошетката, но она што најмногу привлече внимание беше новата фризура на Маријан.
Во последно време голем хит се мажите со руса коса, па и Маријан ја бојадисал својата коса.
Иако публиката е навикната на неговата густа изразито црна коса, овој пат тој одлучи да изненади со драстична промена.
Што мислите? Како ви се допаѓа повеќе?
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски