Маријана запеа, а Росана пушти солзи кога ја слушна својата сестра БЛИЗНАЧКА – едната во Австралија, другата во Македонија
Нашите познати пејачки Татјана Лазаревска и Маријана Начевска имаа интересна дружба во Австралија
Имено, Татјана и Маријана на своите профили на социјалните мрежи објавија неколку фотографии од кои можеме да видиме како уживаат во убавото сончево време.
Тие се облечени во костими за капење преку кои носат летни фустани за на плажа, а на главата и двете носат шешири.
Покрај тоа што се фотографираа, во еден момент решија и да запеат за своите верни фанови, а видеото го објави Маријана.
И додека во позадината се гледаат капачите, тие ја запеаја „Едно срце“, песната која важи за еден од најголемите хитови на познатите близначки.
„За сите вас, а специјално за мојата Росана Сариќ Тодоровска, мое сонце, мое се’“, напиша Маријана во описот на видеото.
Нејзината сестра близначка веднаш се јави со коментар. Имено, таа под видеото го остави следниот коментар:
„Златни мои.. Ај бегајте таму, ме расплакавте“.
Инаку, Маријана веќе долги години живее во Австралија. Таа таму работи како стоматолог, и само повремено, кога е со пријателите, знае да се фати за микрофонот и да запее како во старите добри времиња. Впрочем таа тоа го направи и на претходната дружба со нејзината колешка и пријателка Татијана, на нејзината слава за Свети Никола.
Тие сега редовно се дружат, а тоа можеме да го видиме и од нивните профили на социјалните мрежи.
Инаку, Татјана во Австралија замина во 2015 година, заедно со својот сопруг Новица Василевски и нивните синови. Таа работи како воспитувачка во градинка, но и редовно настапува пред македонската публика во оваа земја.
Таа е мошне активна и на социјалните мрежи, а во изминатиов период објави серија фотографии направени покрај океанот.
И нејзината пријателка, Маријана, знае одвреме-навреме да ги изненади своите пријатели со интересни фотографии.
Таа минатата година стана баба кога нејзиниот син Филип и неговата сопруга Анастасија ја добија ќеркичката Ива. Таа последен пат во нејзината родна земја беше во 2019 година кога најмногу уживаше во дружбата со својата сестра близначка со која некогаш заедно ги пееја големите македонски хитови како „Признавам“ и „Едно срце имам душо“.
Таа тогаш се врати во Македонија за да присуствува на првиот роденден на внукот на Росана.
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска
.