Симпатичниот кумановец од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Марио Арангеловски се подготвува за следниот круг.
-Снимањата се многу напорни, особено за нас кои не живееме во Белград или Србија, генерално. Долг пат, проби, шминка, фризура, чекање…Јелена Карлеуша ми е ментор. И на самиот почеток мора да напоменам дека ми е чест што имам можност да работам со неа и што ме поддржа уште во првиот круг, па со самото тоа имав можност да ја одберам за ментор.
Инаку, вежбаме во Гранд продукција, во едно музичко студио. Мира Шкориќ е дел од екипата која работи со нас, а, наскоро ќе ни се приклучи и Ивана Петерс. Ние најчесто одиме со список на песни кои би сакале да ги пееме, тие ги селектираат оние кои сметаат дека се соодветни за нас, не слушаат, а потоа следува финалниот избор, со нивни препораки. Мора да признавам дека позитивно ме изненади нејзината посветеност.
Покрај тоа што ги вежба песните заедно со нас, знае и на вистински начин да не советува и да ни ја крене самодовербата. Не знам за останатите, затоа што индивидуално работиме, но, во однос на моето искуство, јас сум презадоволен. Ако зебележи дека имам трема, прво со мене работи на тоа. Ако слушне фалш, му посветува внимание на тоа. Буквално работи со нас на се што ќе забележи дека ни недостасува, вели Марио во интервјуто за Гламур.