Марина и Алачки не ја тргаат насмевката од лицето – познатиот пар никогаш не бил посреќен (фото)
Не сме ги виделе олку среќни досега
Неколку фотографии што ги разнежнија нивните пријатели
Поранешната водителка на социјалните мрежи често споделува моменти од својот приватен живот, а сега покажа како ужива со својот партнер, познатиот хармоникаш Горан Алачки.
Нема некој пшто не се сеќава на емисијата „Македониум“ на убавата водителка Марина Дојчиновска која и денес плени со својот шарм.
Таа и покрај тоа што веќе со години не е на телевизија, туку се занимава со приватен бизнис, и денес привлекува внимание со своите објави преку социјалните мрежи и знае да ги изненади сите.
Фејсбук/ Горан Алачки
Марина тоа го направи и сега, објавувајќи фотографија од еден настан на која е заедно со својот партнер Горан Алачки.
Тие и двајцата не кријат дека нивната среќа ја пронашле еден покрај друг, за што сведочат и фотките што Алачки.
Фејсбук/ Горан Алачки
Имено, хармоникашот неодамна објави неколку фотографии од нивниот одмор и на сите им покажа како уживаат заедно.
Фејсбук/ Горан Алачки
Тие често патуваат заедно, а како што Марина неодамна откри за Гламур, овие нивни заеднички патешествија имаат нова димензија.
„Хунза-Хималаи, Бразил-Рио де Женеиро и Сао Паоло, Париз, Цирих, неколку омилени места во Италија и регионов, се наша честа дестинација“, изјави Марина за своите патувања со Алачки, па го додаде дека секое патување претставува посебна приказна за нив, но и дека често снимаат и видеозаписи. Тие денес имаат богата лична архива со овие снимки кои се уште не ги гледале, но се договориле да ги гледаат кога ќе одат во пензија, но како што вели, до тогаш – има уште време за патување и правење убави и незаборавни спомени.
Фејсбук/ Горан Алачки
„Секое патување е посебна приказна и интересно на свој начин. Понекогаш снимаме и видеозаписи со нашата камера, да има за личната архива… Се уште не сме ги гледале, само ги складираме на хард-диск. Се договоривме да ги гледаме кога ќе отидеме во пензија.. ама до тогаш-има уште време за патувања и правење спомени!“
„Сепак, би го издвоила последното патување во Измир и Маниса, затоа што има македонски предзнак. Иако имавме сознанија дека таму живаат многу наши луѓе ,преселени од овде во 60-тите години од минатиот век, се фасциниравме од податоците дека таа македонска заедница денес брои над 1 000 000 луѓе само во овие два града.“
Фејсбук/ Горан Алачки
„Не може да се опише радоста, кога далеку од дома ке те пречекаат твои луѓе, кои говорат на македонски јазик, кои се веселат на македонска музика и ја носат Македонија во срцето, предавајќи ја како аманет – од генерација на генерација“.
„Некои од нив веќе ги сметаме како роднини, а не пријатели и имаме постојана комуникација, како со свои најблиски“, изјави Марина во интервјуто за Гламур магазин.
Целот интервју прочитајте го тука…