Екстравагантниот маникир на Ел Фенинг е сосема непрактичен за во реалниот живот
Актерката Ел Фенинг можеме со сигурност да кажеме дека ја почитуваше овогодишната тема на Мет Гала забавата.
Но покрај нејзината многу интересна модна комбинација, актерката ги воодушеви сите и со својот поприлично имагинативен, но во исто време и многу непрактичен маникир на рацете. Имено, наместо светки и кристали, актерката на секој нокти имаше закачено по еден приврзок.
За овие храбри нокти заслужна е козметичарката Мери Сол која инаку е задолжена за изгледот на многу познати дами. Иако не можеме да видиме што точно има на сите десет прсти, приврзоците како оние со помфритот, лименката и пастата за заби инстант го направија овој маникир посебен меѓу сите оние што сме ги виделе досега.
Ваквите невообичаените трендови за убавина во изминатите неколку години се појавуваат многу често, но речиси никој од нив не успева да заживее на сцената. Ние искрено се надеваме дека така ќе биде и со овој маникир.