Реклама
Наши ѕвезди

Манекенката Кристина Димитријевска по разводот од Даниел Кајмакоски објави неколку фотографии со кои ги воодушеви сите!

Реклама

Кристина насмеана и убава и без шминка

По објавата од страна на медиумите дека Даниел Кајмакоски и неговата 13 години помлада сопруга Кристина Димитријевска се разделиле, манекенката објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како ужива со нивниот син, малиот Давид. Од нејзините фотографии можеме да забележиме дека не сака разделбата да и го расипе расположението, па решила да посвети време на самата себеси, но и на своето најмило.

Маркетинг

Манекенката и пејачот неодамна се најдоа во центарот на вниманието поради љубовната приказна која очигледно нема убав крај, а од фотографиите што ги објавуваат, очигледно и двајцата го пребродија тешкиот период. Имено, Кристина неодамна објави неколку фотографии на кои е насмеана и весела, и ужива максимално со Давид.

Маркетинг

Од друга страна пак, Даниел кој во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија, откако се ожени се повлече од музичката сцена.

Тој неодамна најави дека и се враќа на неговата најголема љубов во животот – музиката, а обожавателите со нетрпение чекаат нешто ново од него.

Да потсетиме, за разделбата на Кристина и Даниел најпрво објавија медиумите, а потоа и самиот пејач со писмо се обрати до естрадниот магазин „Бекстејџ“ во кое ги потврди гласините. Тој истакна дека и покрај тоа што за никој од нив не е лесен овој период, најважно им е да бидат добри родители на нивното дете. Токму затоа и комуницираат постојано и одлично се разбираат и функционираат одлично како родители, иако повеќе не се заедно, а Давид живее со мама.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button