Реклама
Холивуд

Манекенката има нов прстен на рацете – дали веќе го преболи Бредли?

Реклама

Веста дека Бредли Купер и Ирина Шајк се разделија го заобиколи светот. Манекенката го тргна прстенот минатиот месец, а како што објавија деновиве медиумите, на нејзините раце сега блеска нов прстен.

Имено, познатата манекенка беше забележана додека се шета низ улиците во Њујорк со својата двегодишна ќерка, а на прстите и се гледа златен прстен. Фотографијата веднаш предизвика реакции бидејќи не е познато кој и го има подарено овој прстен на убавицата.

Маркетинг

Таа на прошетка тргна со скинати фармерки и бела маица преку која носеше црно сако со риги. Целото издание го заокружи со мартинки и голема црна чанта, додека во левата рака ја носеше ќерката Леа Де Сена. На истата рака каде што и беше венчалниот прстен сега сјаеше златен кој наведува на мислење дека нашла нова љубов во животот.

Маркетинг

Покрај прстенот на домалиот прст на левата рака, каде се носи вереничкиот прстен, манекенката носеше уште неколку прстени на рацете па најверојатно во прашање е само моден детаљ.

Манекенката од Лос Анџелес се пресели во Њујорк поради што има проблеми врзани со старателството. Таа сака нејзината ќерка да живее со неа, посебно сега откако се појавија гласини дека нејзиниот поранешен сопруг и Лејди Гага, која се смета за главен виновник за нивната разделна, повторно ќе глумат заљубен пар во филмот „Чувари на галаксијата“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button