Реклама
MAMAБебиња

Мама Клаудија роди шесторка: „Очекувавме само пет”

Реклама

Во Полска се роди шесторка , две момчиња и четири девојчиња, во градот Краков, а од нивниот број беа изненадени родителите и лекарите кои беа подготвени за раѓање на пет новороденчиња.

„Замислете го ова: бевме подготвени од раните утрински часови да им помогнеме да стигнат на свет пет бебенца. Во болницата, пет тима лекари се подготвени да се грижат за пет деца”, рече Ришард Лаутербах, раководител на клиничка неонатологија во Универзитетската болница во Краков.

Маркетинг

„Бебињата дојдоа на светот еден по друг, а потоа, одеднаш, се роди уште едно”.

Децата се родени во 29 недела и се ” во изненадувачки добра форма”, но постојат симптоми на незрелост на респираторниот систем и централниот нервен систем, кој е типичен за предвремено родени деца.

Маркетинг

Докторите се надеваат дека бебињата ќе бидат пуштени дома кога ќе имаат 2 месеци.

„Ние веќе бевме подготвени за доаѓањето на пет деца во нашиот дом, а сега мораме да смениме сè”, вели мајката Клаудија Марцек.

Имињата на децата ќе бидат Филип, Тимон, Софија, Каја, Нела и Малвин.

Нивниот татко, Сзумон Марзец, на прес-конференција во болницата во вторникот изјави дека неговиот прв син, Оливие, наскоро ќе се сретне со своите браќа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button