МАЛOTO AНГЕЛЧЕ 22 ДЕНА СЕ БОРЕШЕ ЗА ЖИВОТ! Нови детали за убиството на двегодишното девојче, еве што КАЖА МАЈКАТА НА ПОЛИЦИЈАТА..

По дваесетина дена борба за живот, на скопските клиники починало 2 годишното девојче од Кичево, кое на 18 декември од страна на нејзината мајка првично била однесена во кичевската општа болница во коматозна состојба, со проширени зеници.
Од страна на дежурен лекар била констатирана исклучително лоша здравствена состојба и девојчето итно било препратено на ургентниот центар во Скопје, а потоа поради сериозноста на повредите префрлена била на Универзитетската Клиника за неврохиргија, каде и покрај напорите на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Основното јавно обвинителство од Кичево покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево, кое почина од здобиените повреди, откако, според првичните сознанија било претепано од неговиот татко. За осомничениот татко се бара мерка притвор.
– Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од Јавното обвинителство.
Во врска со случајот, од Министерството за здравство информираа дека на 19 декември во Ургентниот центар во Општата болница во Кичево е примена двегодишна пациентка во коматозна состојба, која во болницата била донесена од нејзината мајка. Поради критичната состојба, малата пациентка е препратена на Ургентниот хируршки центар во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, а потоа е префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиругија, во Скопје.

– И покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година. Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи, стои во информацијата од Министерството за здравство.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека таткото со иницијали Ф.Д. е приведен вчера.
„Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде, за жал на 08.01.2024 година, двегодишното девојче починало.„ Изјави Стефан Димовски- СВР Охрид.
Според инфорамции на Канал 5 станувало збор за проблематично семејство, каде изминатиов период често пати било забележано семејно насилство. Според неофицијални информации најверојатно истрага ќе биде покрената и против мајката на девојчето, која откако тоа било донесено на скопските клиники во разгоров со полициски службеници, таа изјавила дека детето се здобило со тешките телесни повреди при пад при детска игра.




