Мало тело, големо срце, ОГРОМНА храброст – погледнете зошто видеото со ова детенце (2) го гледа целиот свет (видео)
Може да ги натера и најголемите намќори да се насмеат, вели мајката на Роман
Двегодишниот Роман Динкел неодамна стана вистински хит на интернет каде има милиони обожаватели, бидејќи успева да ги насмее сите.
Имено, Роман е роден со тежок деформитет на невронските цевки, познат под името „спина бифида“. Оваа состојба преставува расцеп на рбетниот столб, поради што рбетниот мозок потполно се затвора, оневозможувајќи правилен развој и функционирање на нормалните моторички функции.
Сепак, малиот Роман е голем борец, па за безусловна љубов, поддршка и поттик од страна на родителите научи да оди, со помош на штаки.
На снимката се слуша како малиот Роман со својот сладок детски глас возбудено извикнува: „Јас одам, јас одам!“
Овој емотивен момент расплака многумина.
Од друга страна, насмевката која на ова храбро и упорно момче не му се трга од лицето ги воодушеви сите, а моментот во кој со штака ја отвора вратата од родителската соба нема да ве остави рамнодушен!
Тој може да ги натера дури и најголемите намќори да се насмеат, вели Витни Динкел, мајката на малиот херој.