Мало пакување, големо срце – Ноне Неделковска со една фотографија го „запали“ интернетот
Македонската џебна Венера со совршен изглед
Ноне Неделковска (37) беше една од најсаканите пејачки во Македонија, а и денес важи за една од омилените наши познати дами.
Но убавата велешанка во еден момент реши да ја стави на пауза својата музичка карира и замина да работи на големите туристички бродови што патуваат низ светот.
Ноне тоа го прави веќе со години, а на нејзиниот профил на Инстаграм редовно објавува фотографии од нејзините патувања.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
И речиси да нема место на овој свет на кое што не стапнала нејзината нога, а нејзините фотки од патувања ги воодушевуваат сите.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Посебно кога ќе објави „селфи“ на кое позира на некоја преубава плажа, на кое секогаш изгледа како милон долари.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа беше една од најниските пејачки, заради што го доби прекарот македонската џебна Венера, која секогаш пленеше со својот изглед.
Каде и да се појавеше Ноне со својот шарм и убавина го освојуваше вниманието, секогаш насмеана и со позитивна енергија.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Впрочем така изгледа и сега, на своите белосветски фотографии, а нејзините занесни облини нема некој што не ги забележува.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа често објавува фотографии на социјалните мрежи, а не ретко знае и да се пошегува на своја сметка.
Ноне тоа го направи и кога објави една своја фотографија, на која позира во бермуди и сина блуска, а под која напиша:
„Мало пакување, но големо срце“, напиша Ноне и ги воодушеви сите.
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, но и речиси 10.000 лајкови од нејзините бројни фанови.
Како Ноне изгледаше во ова свое издание, но и неколку други фотографии погледнете во продолжение…