Малото и слатко девојче порасна: Нашата Пинк ѕвездичка СЛАВЕШЕ МАТУРА – нејзината убавина го ОДЗЕМА ЗДИВОТ
Популарната македонска Пинк ѕвездичка порасна во прекрасна девојка, а сега имаше прекрасна причина за славење.

Мартија славеше матура и на Инстаграм сподели фотографии од прославата.
Мартија Станојковиќ е една од најуспешните млади пејачки на естрадата, а својата музичка кариера ја започна уште многу малечка.

Учествуваше и настапуваше на многу фестивали и натпревари и секогаш беше меѓу првите.
Голема популарност стекна со учеството на регионалното музичко шоу Пинк ѕвездички, каде веднаш ја освои публиката.

Денес е зрела девојка која воодушевува со својата убавина.
Мартија поседува буквално се што е потребно за да застане рамо до рамо со светските ѕвезди.

Секогаш средена од глава до пети, Мартија чекори само напред кон успехот.
Веќе настапува самостојно и максимално е посветена на музичката кариера.

Најголема поддршка во се што прави е нејзиното семејство.
Особено нејзината мајка, која ја придружува каде и да настапува.

Снежана е нејзин најголем фан и секогаш ја поддржува во нејзината музичка кариера, а цело време беше покрај неа и додека се натпреваруваше во „Пинк ѕвездички“, кога со својот неверојатен талент ги освои сите.
Малото слатко девојче порасна и деновиве ја прослави својата матура.

На Инстаграм сподели фотографии од прославата и покажа за каков фустан се одлучила.
Имено, за својата матура Мартија одбра црн долг гламурозен фустан, кој одлично ја следи нејзината фантастична линија.
Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ