Малку познат детаљ од животот на Бата Живојновиќ: Актерот имал необично хоби, на крајот запалил сè
Да беше жив денеска познатиот српски и југословенски актер Бата Живојиновиќ ќе наполнеше 87 години.
За легендарниот актер се раскажани многу занимливости и анегдоти, а меѓу оние помалку познатите е и приказната за неговото многу необично хоби. Верувале или не, Велимир Бата Живојиновиќ со децении си собирал сите обувки во кои ги снимал филмовите и сериите. Ги чувал сè додека неподнослива миризба не почнала да се шири низ неговата викендичка.
„Кога во 1955 година го снимав првиот филм „Песна од Кулубара“, одлучив од секое снимање да зачувам нешто за спомен. Костимографот ми даде чифт чевли, па одлучив да ги собирам и чувам обувките. Имаше тука и дрвени цокули и војнички чизми, и опинци, разни чевли… Собраните обувки во текот на годината ги носев во викендичката во Корачица, на Космај, и таму го редев во една остава меѓу куќата и гаражата, раскажа своевремено актерот Бата Живојновиќ.
– Кога од снимањата ќе соберев и по неколку десетина пара во кутии ќе ги однесев таму и ќе ги оставев. Таа просторија со големи плакари ми беше резервирана само за тоа, раскажа актерот.
Неколку години пред сmртта, кога Бата Живојновиќ после подолго време повторно бил во викендичката, почувстувал неподнослива миризба.
„Направив промаја, но не вредеше. Помислив дека се вовлекло некое животно и тука пцовисало. Зедов крпи и чистев во детергент, ги перев завесите во када, но смрдеата не исчезнуваше. Почнав да го мирисам секој дел од викендичката, бањата, кујната, се, а кога ја отворив вратата од оставата, ми стана јасно од каде е смрдеата. Се изнервирав и сите обувки ги исфрлив во дворот и ги запалив“, раскажа Велимир Бата Живојиновиќ за своето необичо и помалку смешно хоби.
Актерот почина пред 4 години, по долго и тешко боледување. Зад себе остави стотици филмски и телевизиски улоги по кои ќе го пометат многу генерации на овие простори.
Бата е рекордер по бројот на улоги – околу 300 главни и епизодни, а бил познат и по тоа што никогаш не ги одбивал. Публиката го памети по улогите во партизанските филмови снимани во шеесетите и седумдесеттите години: Валтер во „Валтер го брани Сараево“, на Хајрудин Крвавац, во „Битката на Неретва“ и „Козара“ на Вељко Булајиќ, како пијаниот Загорац во „Брези“ на Анте Бабаја, како и по улогата во „Во вилиците на животот“ на Рајко Грлиќ и многу други.