Малкумина ја знаат ТРОГАТЕЛНАТА приказна на Душко Геориевски: На само 11 години ОСТАНАЛ БЕЗ РОДИТЕЛИ

Македонскиот пејач на фолк музика Душко Георгиевски зад себе има навистина трогателна приказна.

Иако животот воопшто не го мазел и уште кога бил мал доживеал тpaгeдијa, тој сепак е пример како човек треба да се бори и кога е најтешко. Но, она што малкумина го знаат е тоа дека тој има две успешни професии, за едната помалку се знае, а со другата на сите ни е добро позната долги години.
Георгиевски може да се пофали со импозантна кариера и како пејач, но и како адвокат.

Но, она што малкумина го знаат е тоа дека Георгиевски имал само 11 години кога тој и неговата сестра останале без родители. Тој морал да созрее побрзо од неговите врсници, затоа што немал друг избор освен да се бори.
По смртта на родителите, роднините му купиле флејта за да му го оттргнат вниманието и да нема време да мисли и да тагува. Животот многу рано му ја покажал суровата страна. Неговите родители зaгинaле во cooбраќајна несреќа, кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќале од одмор. На одмор биле со своите братучеди, а Георгиевску и сестра му останале дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината, вели Георгиевски.

Пејачот многу ретко, скоро никогаш не зборува на оваа тема, бидејќи како што вели не сака да предизвика чувство на сожалување кај луѓето.
Во едно свое интерјву откри дека тој и сестра му не присуствувале на погребот на нивните родители. Она што најмногу го погодувало во тој период, вели пејачот, било кога од зад грб ќе слушнел како го нарекуваат „сираче“.

Дури 20 години од заминувањето на неговите родители од овој свет, пејачот на фестивалот „Цветници“ во 2011 година ја отпеа песната „Молитва” посветена на нив. Токму преку музиката и песната се обидел да ги искаже чувствата кои долго тлееле во него и не умеел да ги пренесе поинаку.
„Преку стиховите „ѕвезди сјајни далечни што ми велите дали спокој најдоа родителите, дали сега горе се кај ангелите“ првпат јавно проговорив за мојата судбина и признав „колку свеќи восочни запалив, колку драги спомени во срце заклучив“ ветувајќи дека „со песнава молитва сега Ви подарувам, Вие тука в срце сте, јас продолжувам“, вели пејачот за „Женски Магазин”.

Неговиот татко бил правник во трговска фирма, а мајка му службеник во државна институција. По нивното заминување од овој свет пејачот и неговата сестра растеле со семејството на татко им. Пејачот вели дека секогаш ќе бидат благодарни што се грижеле за нив и не ги оставиле во Дом за згрижување на деца без родители. Во процесот на образование, за него во тоа време одлучувале неговите роднини, а според нивните проценки, не музиката, туку правото била професијата со која според нив требсло да се занимава Георгиевски.

„Јас и во адвокатурата работам со големи емоции, сочувствувам со судбините на луѓето, така што никогаш не го гледам само како техничка работа и професија. Тоа го правам со градењето на довербата кај луѓето, дека ќе го дадете својот максимум за да им помогнете, чесно, без да гледате да ги измамите, за да добиете поголема материјална корист. Среќен сум што ме почитуваат колегите, особено оние постарите адвокати и судии од кои црпам искуство, кои ми потврдуваат дека сум на вистинскиот пат.
Музиката, пак, за ништо не би ја менувал. Не поради материјалната страна, туку поради љубовта кон неа. Таа ми е филтер, ме одмара од првата професија. Таа за мене има и многу поголемо емотивно значење. Не ја работам за да заработам, не низ таа призма. Не ми е примарна професија од која живеам и морам по секоја цена да пеам. Музиката за мене има повисока вредност”, вели тој во интервјуто.

Душко долги години години е во брак, а неговата сопруга исто така има јавна професија. Таа е уредник и водител на емисија од областа на економијата. Неговата сопруга е како што вели негов најголем критичар, но и поддржувач. Забелешките кои му ги дава се обично се во делот на неговата ненаметливост вели тој.

Плод на нивната љубов се нивните две ќерки- Верче има 24 година, а Мила 18. Двете како што вели тој се многу музикални и имаат наследено талент за пеење.

Сега кога и самиот тој е родител сфаќа колку е важна улогата на родителот за детето.

Во ова време на пандемија тој ни пее и не развеселува и кога ни е најтешко со своите хитови и специфична интерпретација која е како мелем за душа и срце.
Поради се што му се има случано тој вели дека се труди во секое лошо да го најде доброто, за да може полесно да надмине секоја ситуација.

Ваквата состојба за пејачот била можност повеќе време да помине со своето семејство.
Одеднаш сите тие рокови, траката со времето, термините за судења, клиенти, музички свирки, снимања, беше наеднаш ставено на „стоп“! Сега тој е ангажиран со семејни активности, работи на нови проекти, слушам музика и ужива.
„Порано, нели пред оваа пандемија, знаев да кажам дека „секаде сум бил, а најмалку дома“.
Сега уживам во домот, во вистинска смисла на зборот. Уште повеќе што тоа ми даде шанса да откријам и други мои таленти, за кои порано со оглед на динамичниот живот, не сум имал време да ги практицирам, иако сум голем гурман. Открив дека одлично готвам и изминатите месеци моето семејство уживаше во моите специјалитети. Сега добивам многу пофалби за моите новооткриени кулинарски способности“, изјави Георгиевски за „Вечер.прес“.












