Малиот растури на „Пинк ѕвездички“ – со маестралниот настап го подигна жирито на нозете
Кија Коцкар беше воодушевена и му кажа дека има апсолутен слух и дека тоа е за секоја почит, а воодушевени беа и сите останати.
Во финалето на „Пинкови ѕвездички“ импресивен настап имаше малиот Јоца Васиќ. Ова 12 годишно момче имаше фантастичен перформанс со својата виолина со која ја воодушеви публиката, но и жирито кое во еден момент застана на нозете и му аплаудираше.
„Јоце растури. Со таква леснотија ги свиреше најтешките делови… мене ми се допадна и бендот што совршено го следеше. Но сепак, Јоца тука е главна личност. Совршено, ти си најдобриот инструменталист во целото шоу“, изјави Жика Тодоровиќ по неговиот неверојатен настап.
„Нашето мало чудо од Виена! Баш ми е драго што влезе во финале и голем поздрав за твојата поддршка. Ти тука си во центарот на вниманието. Имаш апсолутен слух и тоа е за секоја почит. Се надевам дека луѓето ќе гласаат за тебе и дека ќе имаш добар пласман, ако не и победа“, изјави Кија која исто не го криеше воодушевувањето од момчето.