Реклама
Вирално

Малиот Лазар почина, неговата наставничка ОБЈАВИ ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА, плаче целиот Балкан

„Драг наш Лаки, срцата ни ги зароби со твојата насмевка“

Реклама

14-годишниот Лазар Живановиќ од населбата Котеж бо Белград почина по долга и тешка борба со тумор на мозокот.

Од него се збогуваат најблиските, а неговата наставничка на социјалните мрежи објави емотивна порака што го расплака целиот Балкан.

„Драг наш Лаки, срцата ни ги зароби со твојата насмевка, со твоето храбро срце, желба и волја да ни се вратиш во училница“.

Маркетинг

„Но, не издржа и сега си меѓу ангелите. Наставник го испраќа својот ученик во вечноста, патувај на некое подобро место, сочувај ја твојата детска насмевка и чекај нас. Те бакнувам“, напиша неговата наставничка.

Малиот Лазар Живановиќ се до јули 2022 година живееше вообичаен живот на едно момче. Тренираше кошарка и пливање, се дружеше со своите врсници, имаше свои планови и соништа.

Маркетинг

Но на тој датум неговото среќно детство го прекина страшна дијагноза која се појави наеднаш, без никакви претходни здравствени проблеми.

Фото: Социјални мрежи

Лазар беше опериран на Клиника за неврохирургија во Белград, откако туморот предизвика слабост на десната рака и нога, која и покрај секојдневните физикални терапии се уште беше присутна.

Потоа помина низ стандардниот протокол за лечење на Институтот за онкологија и радиологија, каде примаше терапија.

Но со ова беа исцрпени сите опции за лекување во Србија, па заради тешката дијагноза беше неопходно Лазар да го продолжи лекувањето на клиника во странство каде беше предложено уште една хируршка интервенција и примена на персоланизирана терапија со иновативни лекови и вакцини.

Фото: Социјални мрежи

И бидејќи неговите родители кои до неодамна успешно ги плаќале трошоците за лекување во Србија и странство, беа финансиски исцрпени, средствата за негово лекување се собираа и преку хуманитарната организација „Биди хуман“.

Но за жал, храбриот Лазар не ја издржа битката. Времето кое беше клучно во оваа борба немаше милост…

Извор: Блиц.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button