Малиот кocтим за капење на познатата скопјанка никого не остави РАМНОДУШЕН – гopи Инстаграм од ова нејзино издание!
Новите фотки на Агнеса Органџиева ја подигна температурата…
Веќе навикнавме русокосата убавица Агнеса Органџиева да не воодушевува со своите модни изданија, а и овој пат никого не остави рамнодушен.
По многуте елегантни и дамски изданија во кои имавме прилика да ја видиме и да се инспирираме од нејзиниот профил, познатата скопска трендсетерка сега реши да ја покаже и својата атрактивна страна.
„Дали ја чувствувате магијата?“ напиша таа под една од овие фотографии со кои ја донесе температурата до точка на вриење.
Таа позираше во минијатурен модел на костим за капење, со златен синџир во долниот дел под кој се гледаа белите неисончани делови на овој дел од телото, а многумина и порачаа дека изгледа неверојатно во ова издание.
Но покрај овие свои бикини изданија, Агнеса пријатно не изненади и со фустанот со преубав летен дезен што го носеше.
Во ова свое занесно издание, идеално за кежуал летни денови кога сте на одмор, насмеано позираше и никого не остави рамнодушен.
Русокосата Агнеса речиси хипнотизира со својот шарм, а фустанот во преден план го истакна нејзиното исончано тело.
Нејзините фанови беа повеќе од воодушевени, па под оваа објава се редеа коментари на сметка на нејзиниот изглед.
„Изгледаш прекрасно, целата убавина околу тебе останува во сенка“, „Убавица“, „Прекрасна жена“, е само дел од она што можевме да се прочитаме.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева