Реклама
Вирално

Малиот Богдан кој се бори со paк, во тешки болки и со сета сила пее православна христијанска песна од која ќе ви се насолзат очите!

Реклама

Кога петгодишниот Богдан ќе ја запее познатата песна за Господ, нема око што нема да пушти солза. Посебно ако знаеме дека момчето се бори за живот.

Фото: Фејсбук/ Марина Гицовиќ

„Ние сме деца на небото, на таткото небесен, се што сме и се што имаме, се ни го даде Бог. Душа и тело, срце малечко, за со цело битие да го вистински љубиме“, пее малиот Богдан од градот Заечар во Србија.

Ова се стиховите што Богдан Гицовиќ ги пее. Тој е болен од тежок тумор во малата карлица кој му е дијагностициран во јули 2018. Првите седум месеци се лечел во Србија, каде примил циклус хемотерапии.

Маркетинг

Откако состојбата му се влошила, Богдан од 2019 заминал на клиниката „Аџибадем “во Турција.

Маркетинг

Туморот нагло пораснал и ги притиска бубрезите, така што кога мокри трпи големи и ужacни болки.

Против болки прима мopфиум и докторите му давале 10 % шанси дека ќе преживее.

Фото: Фејсбук/ Марина Гицовиќ

Боба лавовски се бори

Докторите успеаја да му го стабилизираат срцето и бубрезите, со напомена дека до крајот на животот ќе треба да пие лекови.

Потоа малиот Богдан почна повторно да прима хемотерапија. По магнетната резонанца, повеќе немало воочливи метастази кои претходно ги имаше (IV степен)

Фото: Фејсбук/ Марина Гицовиќ

Хемотерапијата продолжува

Туморот се намалил за 40 % но се уште бил преголем за да се оперира тогаш докторите одлучуваат да продолжат со комбинација од зрачење и хемотерапија. При крај на 2019 година, магнетната резонанца покажа дека туморната маса не реагира на хемотерапија и дека мора да се направи хируршка интервенција на дебелото црево, како и на нервите на бешиката, односно на нервот на десната нога.

Фото: Фејсбук/ Марина Гицовиќ

По операцијата отстранет е туморот од дебелото црева и околините региони, но докторите не смееле да го допираат делот околу нервите, бидејќи во овој момент би направиле поголема штета отколку корист. Извадено е околу 30 отсто од туморот, а Богдан продолжи со хемотерапија.

Боба, како го викаат, е голем фан на Црвена ѕвезда, а реперот Ункл Џо испеа и песна за него :

Извор: Телеграф.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button