МАЛЕЧКАТА СЕСТРА ГО ВИДЕЛА УБИСТВОТО: Единаесетгодишно девојче застрелано од соседот
Сестра ми е мртва, сестра ми е мртва! низ солзи извикувала осумгодишната Селисте трчајќи накај родителите, кои биле легнати на земјата
Единаесетгодишната Солејн Торнтон од Велика Британија, загинала викендов откако соседот ја застрелал додека таа си играла во дворот со нејзината помала сестра Селисте, пренесува „Дејли меил“.
- Сестра ми е мртва, сестра ми е мртва! низ солзи извикувала осумгодишната Селисте трчајќи накај родителите, кои биле легнати на земјата.
Двете девојчиња си играле пред целото семјство кои одмарале во дворот во тивката пролетна ноќ. Нивниот дом се наоѓа во малото селце Сен Хербо, во француското маало, мирно и пријатно место. Одеднаш соседот, кој бил од Холандија, почнал да пукаа кон нив неколку пати, велат француските обвинители.
Дирк Ратс, 71-годишем Холанѓанец е убиецот, обвинет за убиство и обид за убиство, но дополнително го товарат и за нелегално одгледување на голма количина на марихуана во домот.
Соседите го опишале како низок маж со бела коса, долга брада и многу неуреден изглед.
Тој овде, во куќа која претходно била старо училиште, живеел со својата сопруга околу шест години. Пензионерката,70-годишната Марлен, наводно откако била испрашувана од полицијата прикрила оружје кое го поседувал нејзиниот сопруг.
При истрагата, полицијата го контактирала и дедото на убиеното девојче Ирвин Тортон:
– Таа ќе мора целиот свој живот да ја носи оваа траорна слика , вели дедoто.
Во меѓувреме полицијата ја информирала јавноста дека во домот на злосторникот пронашле огромно складиште на нелегален канабис.
Таткото , Адриена (52) е во кома, тој бил застрелан во пределот на главата, мајката, пак, Рејчел (49) , неофицијално била погодена два пати во пределот на главата и грбот, но е во добра здравствена состојба.
Малечката Сестричка нема повреди, но е во целосен шок, пренесуваат британските медиуми.
Се уште е нејасно кој му бил мотивот на 71-годишниот маж да го убие 11-годишното девојче од соседсвото.
– Не ми ејансо што се случило, рекол дедото на убиената Солејн. Можеби имале неков спор со земјиштето, но за таква работа не се прави нешто вакво?!, растревожено одговорил пред полицајците.
Тој требало да замине за Франција, но бидејќи неговиот син е во кома не знае до кога ќе остане во Англија.