Реклама
Холивуд

Маленија Трамп ги засени првите жени на кралското семејство – а и Шекеринска не изгледаше лошо за еден ваков настан

Реклама

На 70 самит на НАТО на состанокот во Бекингемската палата беа претставници на сите земји членки.

Меѓу нив беше и нашата делегација, а вицепремиерката и министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, во палата се сретна и се запозна со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Маркетинг

Но на приемот најмногу внимание не привлече домаќинката од кралскиот двор, туку првата дама на Америка, Меланија Трамп.

Имено, убавата Словенка за овој настан одлучи да носи волнен жолт капут од престижната италијанска модна куќа „Валентино“ во вредност од 5400 евра, во комбинација со ефектен фустан во розова боја од кој можевме да ги видиме само ракавите кои ѕиркаа под капутот-фустан.

Маркетинг

Таа фустанот го носеше со шик високи потпетици во слична нијанса од нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин.

За разлика од поранешната манекенка Кејт Мидлтон носеше формален фустан во смарагдно зелена боја со која одвај го привлече вниманието на медиумите.

Впрочем како и Камила Паркер Боулс која носеше класичен црвен фустан во комбинација со црвени детали.

Инаку, средбата помеѓу Радмила Шекеринска и Кејт Мидлтон беше забележана и од страна на британските медиуми, а како изгледаше нашата вицепремиерка и министерка за одбрана погледнете во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button