Маленија Трамп во бело од глава до пети – не ја испочитува традицијата, но изгледаше феноменално
Првата дама на САД се појавија на прославата на големиот ирски празник кој се слави ширум светот
Меланија Трамп и претседателот на САД, Доналд Трамп, присуствуваа на службата во црквата Св. Џон во Вашингтон за да го одбележат Денот на Свети Патрик.
Но она што многумина го забележаа е дека ниту Доналд ниту неговата поубава половина, Меланија, немаа ништо зелено – боја која што е симбол на празникот како што налага традицијата за овој ден.
Па така додека Кејт Мидлтон од глава до пети носеше зелено (нејзината комбинација можете да ја видите тука), Меланија Трамп едноставно годинава не сака да ги почитува правилата, како што тоа го направи претходната.
Имено, таа овој пат носеше бело од глава до пети. Таа „фураше“ бел капут со должина до колена со два реда копчиња и детаљ кој потсетува на тантела по рабовите, а целото издание го заокружи со нејзиниот омилен модел на високи потпетици со потписот на Кристијан Лобутин.