Мала промена, голема разлика – убавата водителка Милена го покажа трудничкиот стомак, но и новиот имиџ со кој ги изненади сите

Една од најубавите македонски водителки направи мала промена на имиџот

Водителката Милена Антовска Станковска го покажа и своето стомаче и ги воодушеви фановите.
Шармантната водителка за неколку месеци треба да се породи, а сега на Инстаграм го покажа своето трудничко стомаче.
Водителката Милена Антовска Станковска е добро познато телевизиско лице на домашната јавна сцена.

Таа во последно време им влезе во срцата на публиката со својот неприкосновен шарм и позитивен, весел карактер, но и со своите сведени модни комбинации кои можат да им бидат инспирација на многу жени.

Таа овој пат позираше средена од глава до пети, со преубава шминка и шишки со кои никого не остави рамнодушен.

Бремената водителка овој пат објави неколку видеа и фотографии на споменатата социјална мрежа, а комплименти во коментарите за нејзиниот изглед почнаа да пристигаат од сите страни.
Милена покажа и дека одлучила да направи промена, односно дека си поигра со косата и сега има нова шик фризира.

Под нејзиниот пост на Инстаграм каде се гледа нејзината нова фризура можат да се прочитаат бројни пофални коментари на сметка на нејзиниот имиџ, а меѓу нив и на нејзините колешки Јелена Спенџарска и Елена Стојанвска-Јанковска.

„Ти бремена мене си ми уште поубава“ и напиша Елена, а Спенџарска и порача дека изгледа прекрасно!

И останатите и порачаа дека фризурата и стои одлично, но нас нé интересира дали и вам ви се допаѓа?

Инаку Милена неодамна откри дека носи женско дете кое би требало да пристигне во јануари.

Од нејзините објави на социјалните мрежи можеме да видиме дека водителката ужива во бременоста, но и во секој момент што го минува со нејзината наследничка Лана Марија со која во последно време се неразделни и која одвај чека да пристигне нејзината помала сестричка.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска