Малата принцеза многу личи на мама – водителката Милена објави фотографии кои на многумина ќе им го разубават денот
Ќерката на познатата водителка ги воодушеви ситe…
Водителката Милена Андовска Станковска која оваа година по втор пат се оствари во улога на мајка ги воодушеви сите со своите последни објави на социјалните мрежи.
Имено, таа објави неколку снимки на кои во главна улога е нејзината постара ќерка Лана Марија, а со кои покажа дека времето навистина лета.
Имено, водителката која оваа година на христијанскиот празник Василица ја роди својата втора ќерка Јоана покажа дека нејзината постара наследничка веќе доста пораснала и сега е едно преслатко девојче.
Познатата водителка заедно со неа беше на хуманитарниот настан што се одржа овој викенд во градски парк за поддршка на лицата болни од Вилсон, а на кој настапи и пејачката Каролина Гочева.
Лана Марија уживаше во настанот на Каролина, а посебно се изненади кога пејачката се сликаше заедно со неа.
Од снимките што Милена ги објави на Инстаграм можеме со сигурност да кажеме дека Лана Марија во значителна мера личи на својата мама, а тоа пред се може да се заклучи по нејзината насмевка и големи очи.
Но она што исто така ги воодушеви сите, беше и тоа како наследничката на Милена беше облечена за оваа пригода.
Имено, таа носеше бела маичка со детски дезен и розови тренерки, а на главата имаше неодоливи кикички.
Милена носеше тесни црни фармерки и кафеава блуска, додека косата и беше врзана во опуштен плетенка.
Во продолжение погледнете уште неколку изданија на Милена која и покрај тоа што се породи на почетокот од годината, повторно изглед беспрекорно, а според многумина и многу поубаво од кога било досега.
Фото: Инстаграм/ Милена Андовска Станковска