Малата македонска Бијонсе порасна во дама и пол – погледнете како изгледаше на својот 21 роденден
Дали знаете на која наша ѕвезда вчера и беше роденден?
Некогашната македонска „Пинк ѕвездичка“ Лина Пејовска го прослави својот 21 роденден.
Пејачката по тој повод објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил но и бројни „сториња“ што ги доби од своите пријатели и колеги.
Таа покажа и како беше облечена на прославата, а многумина коментираа дека никогаш не изгледала поубаво.
Пејачката се потруди да изгледа се како што треба, па ресторанот во кој што се славеше целиот беше полн со хелиумски балони.
Лина покажа и како изгледа моментот кога ги дуваше свеќичките на тортата, но и како гостите се веселеа на прославата.
Инаку Лина публиката ја освои уште со својот прв настап на популарните „Пинк ѕвездички“ и тоа кога имаш само 14 години.
Таа веќе следната година ќе го издаде својот прв голем хит „Ако ме сакаш“, а денес нејзините спотови имаат милионски прегледи.
Таа уште како мала го доби прекарот македонската Бијонсе, а како изгледаше и тогаш, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Принтскрин/ Јутјуб