Реклама
Вирално

Малата Кети (5) почина заради ПОГРЕШНА ДИЈАГНОЗА – нејзините органи беа донирани, спаси три животи

Имаше само пет години, а почина заради погрешна дијагноза – на родителите им кажале дека има обична настинка

Реклама

На петгодишно девојче му беше дијагностицирана настинка, а по неколку дена беше прогласено за мртво.

Нејзините донирани органи спасија други три деца, а на платформата „ГоФундМе“ е покрената помош за семејството.

Петгодишно девојче кое почина само неколку дена откако од докторите погрешно и беше дијагностицирана настинка успеа да спаси три животи откако нејзиното семејство реши да ги донира органите.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Таткото Џастин Сатон, од Нов Јужен Велс, за медиумите изјави дека неговата ќерка Кети на доктор ја однела мајката.

Маркетинг

На Јасмин, мајката на девојчето, и било кажано дека малата е само настината и дека за брзо време ќе оздрави. Но кога Кети го изгубила гласот и почнала тешко да дише, нејзината мајка ја однела во Брза помош каде повторно и била поставена погрешна дијагноза.

Фото: Фејсбук

Во болницата и кажале дека има вирусна инфекција, а таа всушност имала бактериска инфекција од типот Стрептокока А (види подолу) која убива повеќе од 500.000 луѓе секоја година. Состојбата на Кети за брзо време се влошила, по што колабирала во својот дом на 28 август, а докторите ја прогласиле за почината.

Неколку дена подоцна Јасмин Воробез, мајката на Кети, реши да го донира нејзините органи со што спаси три животи.

Според таткото, господинот Сатон, тој уште од самиот почеток се сомневал дека нешто не е во ред, уште кога прв пат се вратиле од болница и на Кети и била погрешно дијагностицирана дијагнозата.

Фото: Фејсбук

Откако Кети добила проблеми со дишењето, нејзините родители итно повторно ја однеле во болницата, каде била тестирана на Ковид 19 и на респираторен синцицијски вирус (РСВ).

Но откако и двата теста биле негативни, петгодишното девојче било пуштено да се лекува дома.

Само неколку дена подоцна нејзините усни станале модри и таа се срушила во рацете на својата мајка.

Фото: Фејсбук

Само неколку дена подоцна нејзините усни станале модри и таа се срушила во рацете на својата мајка.

Нејзината болест, доколку била точно и на време дијагностицирана можела да се лечи со антибиотици, пишува „Дејли меил“.

Фото: Фејсбук

Но девојчето починало, а благодарение на нејзината мајка која одлучи да ги донира нејзините органи, спасени се три деца, па малата Кети ќе остане запаметена како суперхерој од вистинскиот живот.

Фото: Фејсбук

На платформата ГоФундМе започната е кампања од страна на еден татко на дете кое учело во истото училиште со кети за да се помогне на семејството да ги покрие трошоците за погребот.

Тие досега собрале 8000 долари, а како што пишува Дејли меил, потребни се околу 10.000 долари.

Што е стрептокока А?

Стрептокока од групата А всушност претставува цела низа на доста чести бактерии. Покрај тоа, многумина од нас ги имаат во грлото и на нашата кожа, но тоа не води до болест. Сепак, стрептококата А може да предизвика низа инфекции, некои поблаги, некои посериозни.

Тоа се главно инфекции на кожата, меките ткива и на респираторниот тракт. Стрептококите од групата А можат да предизвикаат воспаление на крајниците (тонзилитис), воспаление на фаринксот (фарингитис), шарлах, импетиго и целулитис (бактериска инфекција на кожата и поткожното ткиво).

Стрептококата станува особено опасна кога станува инвазивна. Ова може да се случи ако лицето кое е заразено со бактерија стрептокока од групата А има отворени рани преку кои бактеријата навлегува во ткивото или оштетување на респираторниот тракт по вирусно заболување, а може да биде опасно кога некое лице има здравствени проблеми поради кои имунитетот е намален.

Фото: Илустрација, Тудејспарент

Овие инфекции се ретки и ретко резултираат со смрт. Но, оваа година тој број е зголемен во Велика Британија, особено кај децата под 10-годишна возраст и предизвика дури девет, а можеби и 10 смртни случаи на деца.

Што се случува?

Експертите не се осмелуваат да дадат одговор.

Дали причината е тоа што годинава навистина има голем број вирусни инфекции на дишните патишта, а и оние што се повторуваат, со што се отвора патот за стрептококите, допрва ќе дознаеме.

Факт е дека се дружиме многу повеќе отколку во последните две години и дека во тие две години бевме многу помалку изложени на вируси и бактерии, а се чини дека тоа сега ни наплаќа преку послаб имунитет.

Фото: Илустрација

Сепак, официјалното мислење не е познато. Но, засега се знае дека не се работи за нов или непознат сој.

Експертите во Велика Британија посочуваат дека случаите на инфекција со инвазивна стрептокока од групата А се во пораст од 2016 година, со забележителна пауза во последните две години. Но, бројките изгледаат прилично загрижувачки. Кај децата до 10-годишна возраст во периодот од 2017 до 2019 година имало во просек по 0,5 случаи на 100.000 деца. Годинава таа бројка е 2,3 досега, што звучи многу повеќе. Кај возрасната група од 5 до 9 години таа бројка во истиот период претходно беше 0,3, а годинава е 1,1.

На почетокот на инфекцијата тешко е да се види дали детето е навистина толку лошо што мора да се сомневате во нешто сериозно.

Еве кои се симптомите на инфекција со стрептококи од групата А се:

Воспалено грло, треска, температура, болка во мускулите

Иако прагот на толеранција за паника ни е значително зголемен во последно време поради разни вируси и иако сè уште немаме причина за паника поради овие инфекции, можеби треба да му веруваме на родителскиот инстинкт и да го однесеме детето на лекар во некои ситуации, како на пример:

Кога на детето му е лошо, не јаде или јаде помалку од вообичаено.

Исто така детето треба да се однесе на доктор ако неговата пелена е сува повеќе од 12 часа или покажува знаци на дехидрација,

Ако има температура од 38 степени (дете под 3 месеци) или 39 (дете над 3 месеци).

Ако на детето му е потопло од вообичаено кога ќе му ги допрете градите или грбот и ако се поти или ако детето е многу уморно или раздразливо.

Исто така, постојат ситуации во кои е неопходно веднаш да побарате итна помош:

Ако детето тешко дише, а може да забележите и вовлекување на стомакот во пределот под ребрата, потоа ако детето паузира помеѓу вдишувањата. Посебно треба да бидете внимателни доколку кожата, јазикот или усните на детето се сини или ако не можете да го разбудите или не може да остане будно и постојано заспива.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button