Реклама
TV

Македонците ја обожаваа во 90-те, а таа и денес изгледа НЕВЕРОЈАТНО – подобро од кога било досега!

Вака изгледа денес актерката што во 90-те целиот Балкан ја обожаваше...

Реклама

Познатата пејачка и актерка Талија (51) се појави на снимањето на емисијата „Тудеј“ во Њујорк во интересно џинс одело.

Многумина беа воодушевени од ова нејзино издание, посебно што познатата дама како воопшто да не се променила за сиве овие години.

Имено, Талија се уште ја има истата насмевка со која што пленеше и во своите најубави години додека играше во серијата „Росалинда“.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

И покрај тоа што е во шестата деценија од животот, се уште изгледа неверојатно, а со ова свое тренди пролетно издание ги воодушеви модните критичари ширум светот.

Маркетинг

Познатата пејачка и актерка од Мексико која се прослави со споменатата серија, за оваа пригода носеше широки панталони од џинс и „кроп-топ“ јакничка од истиот комплет, а целото издание го заокружи со бели спортски патики, големи сребрени обетки, очила за сонце и кафеава Биркин чанта која чини цело богатство.

Фото: Принтскрин

Инаку Талија, односно Аријадна Талија Соди Миранда Монтола, како што гласи нејзиното цело име, е честа гостинка на гала настани.

Фото: Инстаграм/ Талија

Неодамна беше наградена на доделувањето за Жена на годината на магазинот „Билборд“, а поприлично е активна и на својот профил на социјалните мрежи каде можеме да ја видиме во најразлични изданија.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека изгледа речиси исто како и пред неколку децении, а можеби и подобро.

Фото: Инстаграм/ Талија

Талија покрај својата успешна кариера како пејачка и актерка, може да се пофали и со својот хармоничен брачен живот. Таа во 2000 година се омажи за 22 години постариот музички продуцент Томи Монтола со кого има две деца – ќерката Сабрина и синот Метју Алехандро.

Фото: Инстаграм/ Талија

Нејзиниот сопруг, пред да се ожени со неа, пет години беше во брак со Мараја Кери, од 1993 до 1998 година.

Фото: Принтскрин

Во Македонија најмногу е позната по серијата „Росалинда“ во која што ја играше главната улога и со која го освои светот.

Фото: Инстаграм/ Талија
Фото: Инстаграм/ Талија
Фото: Инстаграм/ Талија

По улогата во оваа серија, Талија престана да глуми во теленовели, но продолжи со филмски улоги (Mambo Café, The Minions).

Фото: Инстаграм/ Талија

Таа се уште вредно работи на својата музичка кариера, а нејзините последни албуми се „Latina“ и „Valiente“.

Фото: Принтскрин

Позната е и како голема хуманитарка, а се занимава и со моден дизајн преку кој ги пренесува елементите на мексиканската култура.

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Фото: Инстаграм/ Талија

Поврзано

Back to top button