Реклама
Вирално

Македонците со бугарски пасоши поминуваат многу полесно во ГЕРМАНИЈА, но постои еден голем проблем и за нив

Реклама

Во последните неколку години многу наши сограѓани заминаа во Германија во потрага по подобар живот, а повеќето од нив тоа го направија со бугарско државјанство.

Во последните 10 години Германците забележале најмал прилив на странци поради пандемијата со Ковид 19,но тоа не значи дека не им недостасува огромен број на квалификувани работници, пред се од здравствениот домен.

Маркетинг

Се бараат негователки над 100.000, а слична е ваква состојбата и во Австрија. За тамошните услови оваа работа не е добро платена, а работата е напорна, па затоа и Германците успешно ја одбегнуваат.

Според досегашното искуство на германските негователки, тие велат дека оваа работа е напора бидејќи се работи со стари и болни лица, и тоа е доста напроно и психички но и физички, а заработувачката е мала. И покрај тоа, оваа работа со себе си носи и одредени ризици во доба на пандемија.

Маркетинг

Многу старечки домови и болници плаќаат дури и по 15.000 ерва само за да доведат квалификувана работна сила, па за оваа работа во просек од работник доиваат 2.000 евра плата.

Славица од Делчево е една од многуте кои имаат заминато во Германија за да работат во старечките домови.

Таа раскажа какво е искуството и дали навистина вреди за оваа плата да се менуваат навките, околината и да се живее и работи надвор од татковината.

Славица не се покајала што ја напуштила земјава и заминала во Германија, таа вели дека за само три месеци успеала да собере 5.000 евра. Работела како негователка во едно село во областа Баден – Виртемберг.

Интересно е тоа што најдобро поминуваат оние Македонци со бугарско државјанство.

Тоа што за Германците е предност, а за нас е мана бдејќи се навикнати работнците од Македонија ги работат сите работи: Од чување стари лица до средување на куќни задачи, доколку се работи во приватно ангажирање на негувателка, а не за работа во болница или старечки дом.

Која е процедурата за лицата кои се во брак, доколку партнерот сакаат да го земат со себе?

-Доколку вашиот сопруг е со бугарски пасош може да остане неограничено во ЕУ земја, вие со македонски пасош имате право непрекинато да седите 3 месеци во ЕУ земја после доволно е само да ја поминете границата и повторно може да влезете и да седите нови 3 месеци, поточно на на секои 3 месеци треба да излезете од ЕУ и после повторно да влезете.

За лицата само со македонски пасош треба да се обратите до амбасадата и да барате дозвола за привремен престој во Германија.

Пред да ги спакувате коферите, еве колку пари ви се потребни за во Германија

Иван од Аленсбах објави видео снимка на Јутјуб во која зборува за трошоците во Германија.

Тој вели дека видеото е наменето за оние кои живеат во Германија или имаат намера да се преселат во Германија.

Неговите вкупни трошоци се 2.323 евра месечно, пишува магазинот Феникс.

„Поставете ниски цели, за да не се разочарате. За се е потребно време. Поставете си една мала цел, а кога ќе ја исполните, ќе поставите повеќе цели и ќе бидете задоволни”, вели Иван.

Неговиот најголем трошок во Германија е станот кој го плаќа 715 евра. Станот има две спални и дневна соба. Иван вели дека цените на становите во Германија се движат од 450 до 1.500 евра и повеќе, во зависност од локацијата и големината на станот. За ѓубретарина плаќа околу 14 евра месечно или 169 евра годишно. Цената на ѓубрето зависи од бројот на членови во семејството, без разлика дали имате ѓубре или не, дали имате само торба или канта за отпадоци и колку пати месечно ѓубрето се фрла. Цените на отпадот се движат од 7 до 16 или повеќе евра месечно.

Семејството на Иван за струја плаќа месечна претплата од 56 евра. Иван вели дека најмногу пари можат да заштедат на електрична енергија годишно. На пример, Иван заштедил повеќе од 600 евра со префрлување кај нов снабдувач на електрична енергија.

За интернет и телевизија се плаќа од 15 евра месечно до 50 или повеќе евра, во зависност од пакетот. Иван плаќа 50 до 60 евра, но тој ја исклучил опцијата за германски телевизии и сега ќе плаќа 35 евра само за брз интернет.

Тој и неговата сопруга имаат два мобилни телефони за кои плаќаат 50 евра. Ова вклучува 1GB интернет сообраќај во Европа, а во Германија има неограничен интернет. Инаку, трошоците за мобилни телефони се движат од 10 до 150 евра.

За лично осигурување, кое ги вклучува неговата сопруга и децата, тој плаќа 65 евра, па тие се осигурани до 100.000 евра.

Семејството на Иван има два автомобила, и трошат многу гориво за патувањето до работа и превоз на децата. За два автомобила тие плаќаат осигурување годишно од 1.300 евра, за гориво околу 200 евра месечно, 76 евра данок за двата автомобили годишно, 90 евра за мал автомобил и 240 евра годишно за поголем автомобил.

Училиштето не се плаќа, градинката месечно чини 90 евра плус 40 до 60 евра за ужина, бидејќи во германските детски градинки обично нема храна. Трошоците за детска градинка и јасли може да бидат од 0 до 300 евра или повеќе.

Семејството на Иван троши околу 400 евра за храна, но во Германија можно е да се преживее и со 50 евра или помалку. Кога дошол во Германија немал многу пари, и цел месец го поминал со 34 евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button