Македонците се посебни луѓе. Ги сакаат емоциите, плачат кога пеам – ПОЗНАТИОТ фолкер воодушевен од нашата публика
Некогашниот победник во „Ѕвездите на Гранд“ денес важи за една од најголемите ѕвезди во регионот.
Станува збор за пејачот Амар Гиле кој зад себе веќе има многубројни хитови, а многумина го сакаат заради неговата скромност. Едноставно никој не може да остане имун на неговите емоции во песните, па за неговите концерти и настапи секогаш се бара карта повеќе.
Тој неодамна ја објави песната „Стариот јас“, за која вели дека потполно го опишува неговиот живот.
„Мене ништо не ме промени, јас сум истиот човек. И по победата ги сакам луѓето, се дружам, парите не ме интересираат. Останав да живеам во Какањ, се дружам со луѓето и едноставно убаво ми е така. Не ме гледаат како ѕвезда“, раскажа тој во емисијата „150 минути“, пишува порталот „Гранд.онлајн“.
Тој исто така спомена дека има своја публика низ целиот Балкан, но и дека најдобра публика има во Македонија.
„Македонците се посебни луѓе. Тие ги сакаат емоциите, сакаат да слушаат, плачат кога пеам“, изјави Гиле.
Инаку, првиот ред на неговите настапи секогаш како да е резервиран за дамите, бидејќи важи за миленик на понежниот пол.
„Јас сум искрен тип, не сум некој убавец за кој тие би се туркале, но ете ми се случуваат и такви случаи, но не премногу“, изјави Гиле во една пригода за порталот „Гранд.онлајн“.
Инаку, Гиле по разводот ужива во љубовта со својата избраничка, а неодамна откри дека има сериозни планови, па дури и дека нема да се изненади ако во следниот период застане на лудиот камен.
„Нешто планирав, но ајде тоа нека остане за мене, нема ништо порано да зборувам, никогаш не се знае што може да се случи. Но ете, планирав нешто посериозно, сега кога ќе се случи тоа се уште не знам. Се уште сме во врска, се сакаме“, изјави шармантниот пејач.
Малкумина денес се сеќаваат дека тој своевремено беше и во врска со Александра Пријовиќ. Како што пишува „Пулсонлајн.рс“, тие наводно имале бурна врска, а се разделиле во 2013 година. Гиле кој потоа се ожени и доби син, во една пригода го коментираше односот со Пријовиќ и откако0 дали е во добри односи со неа откако раскинале.
„Александра не ми го честитала раѓањето на синот се уште. Не се среќаваме. Порано се гледавме заради нашата дуетска песна која што ја изведувавме во Гранд емисиите, но долго време немаме никаков контакт. Ние сме во коректни односи, јас навистина ја ценам и почитувам. Се што се случи, беше одамна и мирно се разделивме“ изјави пејачот.
Бонус галерија
Топ 10 изданија на Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ