Реклама
Наши ѕвезди

„Македонците се Индијанците на Балканот – Албанците НЕМААТ ништо со Илирите“

Реклама

Нова контроверзна емисија на нашиот познат водител

Новинарот Васко Ефтов се враќа со својата популарна емисија „Во центар“. Отсега ќе се емитува само на својот Jутјуб канал, секој четврток и недела.

Маркетинг

Во новата емисија му гостуваше контроверзниот хрватски католички теолог и доктор по историја Горан Шариќ. Тој е застапник на тезата дека Словените не се доселиле на овие простори во 6 век, туку се староседелци, потомци на некогашните Илири, Дарданци, Пајонци, Македонци, Тракијци.. односно на старите племиња кои со илјадници години живееле на овие простори. Според оваа теорија, а која во последно време како вирус се шири на целиот Балкан, и која е поткрепена и со генетското истражување, како и со пронаоѓањето на континуитет во археолошките истражувања, Македонците се стари жители на балканскиот полуостров, а Албанците немаат ништо заедничко со Илирите, туку се населиле на овие простори многу подоцна.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Маркетинг

Што се однесува до теоријата за доселувањето на Словените, според Шариќ тоа е измислица на виенско-берлинската школа за време на Австро-унгарија, како и на Ватикан, за полесно да се завладее на овие простори.

Интересно е тоа што во некои земји од поранешна Југославија веќе сериозни се работи оваа теорија да биде исфрлено од училишните програми, како на пример во Словенија и Хрватска, додека во Македонија во научните кругови се уште главна теза е дека Македонците се Словени доселени во 6 век и дека немаме никаква врска со античките Македонци.

Можеби сега е вистинското време да се ревидира историјата и нашите историчари посериозно да почнат да се занимаваат со оваа проблематика, бидејќи во светот веќе многу познати научници ја преиспитуваат и проблематизираат наводната преселба на Словените.

Инаку, Шариќ неодамна изјави дека Албанците му се закануваат затоа што научно докажал дека не се Илири. Тие бараат повеќе да не излегува во јавноста со ваквиот став или во спротивно ќе му се случи нешто.

Но како што вели тој не може да оди против својата совест плашејќи се од куршум, бидејќи подобро е да го изгуби животот отколку да живее во срам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button