Реклама
Наши ѕвезди

Македонците полудеа по овој бизнис – се заработува убаво, „клиентите“ се НЕОДОЛИВИ, па за некои ова е работа од соништата

Реклама

Нема ништо поубаво кога во животот може да се спојат убавото и корисното, да се ужива во работата која се сака и притоа од таа иста работа да се живее! Сон на многу луѓе.

ФОТО: Принтскрин

Салоните за шишање на кучиња или модерно кажано груминг слони може да се отворат како предизвик, а обуката трае неколку месеци.

Заработката за еден клиент дневно е од 1000 до 1200 денари, зависно од тежината на миленичото и неговото крзно. Токму поради ова сѐ поголем број луѓе се одлучуваат да покренат ваков бизнис или да го работат како втора работа, односно хонорарно.

Маркетинг

Сопственичка на еден македонски груминг салон, рекла дека неколку десетици луѓе годишно се обучуваат за шишање кучиња и потоа од тоа можат убаво да заработуваат.
Таа подолго од две децении работела како графички дизајнер и оваа работа ја напуштила за да отвори груминг салон.

ФОТО: Принтскрин

-Да бидам искрена ми здодеа да работам работа која бара од мене седење на компјутер по 9 часа дневно. После 25 години се запрашав која работа ќе ми донесе неизмерно уживае. Стресот кој доаѓа со работата како графички дизајнер стана нешто што не останува на работа кога завршува работното време, туку ме следи до дома, а не исчезнуа ни тогаш кога денот ќе зврши и ќе се обидам да заспијам.

Маркетинг

Во зрелите години сфаќаш дека секојдневните стресни ситуации едноставно можеш да ги елиминираш од својот живот само ако тоа го посакаш и тоа повеќе ќе го нема. Секојдневното дружење со кучињата било да се лично мои или на моите муштерии, може само да допринесе расположението да се подигне на највисоко ниво – рекла сопстеничката на груминг салон.

ФОТО: Принтскрин

-Си правам кафе, ужиам, никој не ми тапка на часовникот дека доцнам или колку доцнам на работа, среќна сум што работам за себе, а не за друг, вели таа.

Македонците сѐ повеќе се одлучуваат за купувае или посвојување на милениче, особено во текот на пандемијата и сѐ поголем број миленичиња доведуваат до пораст на ваквите салони.

ФОТО: Принтскрин

Ги отвораат луше на кои претходно им здодеала нивната професија, но има и многу такви кои сакаат да станат „грумери“ паралелно со професијата која ја имаат.

Грумер е личност која се грижи за изгледот на миленичињата, односно еден вид стилит на животни.

Овде спаѓа шишање, бањање, чистење на крзното, сечее нокти, некој вид на фризура на домашното милениче. Сопствениците на животните сега се опседнати со нивниот изглед и сакаат нивното милениче совршено да изгледа, па токму затоа грумерите имаат полни раце работа.

ФОТО: Принтскрин

Грумерот освен што треба да биде професионален, тој исто така треба да биде личност на која ќе ѝ верувате и ќе го доверите вашето милениче.

Во главниот град, па и во останатите градови може да се најдат повеќе груминг салони, односно ветеринарни ординации кои вршат вакви услуги.

Такви се Груминг Салонот Дог Топиа, ПримаветМедика, Шизика, Луна Пет шоп и уште многу други кои даваат одлични професионални услуги.

Цените во сите нив се горе-доле исти, зависно од должината на влакното на миленичето и неговата големина и тежина.

ФОТО: Принтскрин

Грумерите мора да имаат доста трпение за да ја работат оваа работа, затоа што миленичињата не се исти како и луѓето и за нив одењето на ваков третман е доста стресно. Тие не се свесни дека со сите помагала кои ги користите за нивно разубавување само сакате да им го олесните секојдневието, па водено од стравот честопати умеат да бидат и агресивни.

ко сакате Вашето милениче да е здраво не е доволна само Вашата љубов, нега и правилна исхрана, туку и редовна контрола и правовремено лекување од страна на ветеринар.

ФОТО: Принтскрин

Освен тоа хигиената е исто така многу жна за нивното здрвје.

Нередовното поткастрување на ноктите кај миленичињата може да предизвика сериозни повреди. Нивното редовно кратење може да го намали ризикот од повреда, спречува да се заглават во тепих или друг тапациран мебел и ја намалува веројатноста за појава на unguis incarnates (сраснување на ноктите во месото).

Со доаѓањето на летото и високите температури, започнува и ризикот од топлотен удар кај миленичињата.

Совeти како да ги разладите миленичињата во текот на летото!

ФОТО: Принтскрин

Прошетка, но во одредена доба од денот – искористете ги часовите кога опаѓаат температурите во денот за да го изнесете миленичето на прошетка. Рано наутро, во предвечерните часови или доцна навечер температурите се пониски, па со самоо тоа е попријатна прошетката за животните. Имајте предвид дека миленичињата имаат крзно и дека побрзо ќе се згрее отколку Вие.

Исто така, важно е да се има во предвид дека во урбаните делови температурите се повисоки. Пред да го изнесете кучето надвор, со рака допрете го асфалтот и проверте ја температурата дали е погодна за неговите шепи. И запаметете, ако Вас Ви е топло, нему му е уште повеќе!

ФОТО: Принтскрин

Хидратација, хидратација, хидратација – живоните исто така многу често дехидрираат! Затоа е важно секогаш да имаат свежа и разладена вода. За време на прошетките носете вода со себе!

Пливање, но внимателно – некои кучиња сакаат вода, додека некои не се најдбри ливачи. Доколку често шешате по кеј, заштитете го миленичето со каивче против болви и комарци.

ФОТО: Принтскрин

Забава во двор – доколку живеете во куќа или стан со излез во двор, израдувајте го миленичето со детски базен или пластина када каде ќе може да се разладува Некаде во дворот ставете и песок. Кучињата сакаат да копаат, а песокта лесно се рзладува со прскање на вода и долго одржува влага.

И не заборавајте да им помогнте на напуштените кучиња и мачиња да ги преживеат топлите летни денови, па кога сте во можност оставете им сад со вода пред зградата.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button